Дизајнирање на иднината на македонскиот транспортен сектор - Како да бидеме зелени, а паметни?

СТУДИЈА ЗА ТРАНСПОРТНИОТ СЕКТОР "СТУТРА" - АНАЛИЗА НА ПОЛИТИКИ И МЕРКИ


ТРАНСПОРТ - Најбрзо растечка категорија во секторот Енергетика во инвентарот на стакленички гасови на Република Македонија, 16,4% зголемување во 2014 во однос на 2012 година. Патниот сообраќај е најголемиот извор на емисии на стакленички гасови (речиси 99%) во секторот Tранспорт. Електричните возила се една од најдобрите опции за декарбонизација на транспортот. Тие исто така може да придонесат и за поголема интеграција на обновливи извори на енергија, радикално намалување на локалното загадување, како и за подобрување на безбедноста во сообраќајот преку подобрување на навиките за возење. Но, како може да се оправда користење на електричните возила кога за производство на електрична енергија најмногу се користи јаглен?

Од анализи до системски промени - користејќи иновации базирани на податоци за одржливи акции

Транзицијата од општество со стари автомобили и каде дизел возилата се уште се претпочитаат - до општество со ниско ниво на јаглерод што користи претежно поефикасни технологии, бара внимателно планирање и креирање политики базирани на податоци, а не на претпоставки.

Како одговор на оваа растечка грижа, беше подготвена (на национално ниво) студија на случај "СТУТРА" во која се анализирани различни практики кои влијаат на намалување на емисиите на стакленички гасови (CO2, CH4, N2O), овозможуваат обновување на возниот парк во земјата и побрза пенетрација на електрични и хибридни возила.


Што е направено поинаку?

Не копиравме нечиј туѓ модел, туку создадовме наш сопствен - специфичен за нашата држава. Користењето на национални податоци заедно со достапните технологии, предлагање на промени во постоечките даноци, наместо додавање на нови и создавање на социјално одговорен CO2 предлог за регистрација на возила, се покажа Пепелашка во електрификација на транспортот.




Претворање на најголемите проблеми во транспортот во најголеми можности

Паметното мешање на финансии и стимулации даде зачудувачки резултати: 35% намалување на емисиите на стакленички гасови од патничките возила, наместо 56% зголемување како "цена на неправење ништо" и можност 40% од возилата на македонските патишта да бидат електрични возила.

Да бидеме паметни и со заедничка #КлиматскаАкција да ја направиме оваа индина реалност!


Инфографик

Студија за транспорт

{{"article.trending"|translate}}

{{"article.lastestPosts"|translate}}

{{'article.tags'|translate}}

{{'newsletter'|translate}}

Subscribe to our newsletter for good news, sent out every month.

{{"successful.subscription"| translate}}

{{subscriber.subscriber.email}}

{{"thank.you.for.subscription"|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close