Презентирани сценаријата и мерките за ублажување на климатските промени: одржани национални работилници за финалниот нацрт на БТР1 и NDC 3.0

На 25 и 26 ноември и на 18 декември 2025 година со учество на над 30 владини институции, како и претставници на академската јавност, невладиниот сектор и експерти, со над 50-тина претставници (55% жени) се одржаа Национални работилници.


Одржани Национални работилници за презентирање на финалниот нацрт на Првиот двогодишен Извештај за транспарентност (БТР1) и Националниот инвентар на стакленички гасови 2020 – 2022 година, нацрт сценаријата и мерките за ублажување на климатските промени, како и анализа на вклученоста на климатските промени во високото образование, нацрт извештајот за развој и иновации, МРВА документот за политики, изворно претставување од претставниците на македонската делегација на COP 30 во Бразил за преговорите, насоките и гледиштата за иднината на климатската акција.

   На 25 и 26 ноември и на 18 декември 2025 година со учество на над 30 владини институции (назначени лица во проектната работна група за климатска акција), како и претставници на академската јавност, невладиниот сектор, експерти и други засегнати страни, со над 50-тина претставници (55% жени) се одржаа Национални работилници за презентирање на финалниот нацрт на Првиот двогодишен Извештај за транспарентност (БТР1) и Националниот инвентар на стакленички гасови 2020 – 2022 година, нацрт сценаријата и мерките за ублажување на климатските промени, како и анализа на вклученоста на климатските промени во високото образование, нацрт извештајот за развој и иновации, МРВА документот за политики, изворно претставување од претставниците на македонската делегација на COP 30 во Бразил за преговорите, насоките и гледиштата за иднината на климатската акција.

Презентација за инвентарот на стакленички гасови

Презентација за МРВА документот за политики 

Презентација за анализа на вклученоста на климатските промени во високото образование и на нацрт извештајот за развој и иновации

Презентација за нацрт сценаријата и мерките за ублажување

На настанот на 18 декември 2025 година се претстави и проектот за изработка на Национално утврдените придонеси (NDC) 3.0. Воспоставувањето на цел за земјата во рамки на NDC 3.0 треба да биде координирано според релевантните национални стратешки документи и другите проектни документи за климатски промени кои се изработуваат.  Рокот за завршување на NDC 3.0 е до јуни 2026 година, а како клучен сектор на кој треба да се обрне внимание, поради усогласување, е секторот енергетика. Во новите NDC 3.0 не може да се оди со пониски цели од претходно воспоставените, но затоа ќе се предвидат мерки кои може да се вклучат како дополнителен придонес кон целите, како мерки за адаптација, за праведна транзиција, родови аспекти, вклучување на младите и сл. Нацртот на NDC 3.0 ќе биде споделен за коментирање со членовите на проектната работна група и со засегнатите страни.

 На настанот се презентираа искуства од неодамна одржаната 30-та Конференција на страните на Рамковната Конвенција за климатски промени, при што, беше истакнато дека конечниот договор повикува за тројно зголемување на финансиите за адаптација кон климатските промени за сиромашните земји, но роковите и механизмите за финансирањето сеуште не се јасно утврдени. Од другите теми беше споделено дека фокусот бил на праведната транзиција, во насока на нејзина операционализација на следниот COP, како и на процесот на уништување на шумите, за жал, објавен само како доброволен патоказ за забрана за уништување на шумите.

Претставникот на младинската конференција рече дека има позитивен тренд за поддржување на учеството на младите на COP каде ќе може да ги презентираат и нивните ставови по прашањето за климатските промени. Таа посочи дека во иднина треба да се размислува за поголема координација и формализирање на учеството на младите на COP.

Активноста е дел од проектот финансиран од Global Environment Facility, реализиран од УНДП во партнерство со релеватните чинители – Министерството за животна средина и просторно планирање, Македонската академија на науки и уметности, Инженерската институција на Македонија, Институтот за добро владеење и политики во животната средина и климатските промени и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

{{"article.trending"|translate}}

{{"article.lastestPosts"|translate}}

{{'article.tags'|translate}}

{{'newsletter'|translate}}

Subscribe to our newsletter for good news, sent out every month.

{{"successful.subscription"| translate}}

{{subscriber.subscriber.email}}

{{"thank.you.for.subscription"|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close