Обединетите Нации (ОН) објавија специјален Извештај со поддршка од агенциите на ОН и нејзините партнери – Меѓународната агенција за енергија, ММФ, ИРЕНА, ОЕЦД и Светската банка. Во извештајот се наведува колку далеку сме стигнале во деценијата по потпишувањето на Парискиот договор, кој поттикна револуција во областа на чистата енергија, но и се прикажуваат бројните придобивки и потребните мерки за побрзо постигнување на праведната енергетска транзиција. „Ерата на фосилните горива се ближи кон својот крај. Се наоѓаме на прагот на нова енергетска ера. Ера на евтина, чиста и достапна енергија што му обезбедува економски можности на човештвото. Ера на енергетска независност за секоја земја. Ера каде што пристапот до електрична енергија станува универзално право – а не привилегија. Во наши раце е да изградиме таков свет - нагласи Н.Е. Антонио Гутереш.


Н.Е. Гутереш го заврши говорот со следната силна порака – „Ерата на фосилните горива се ближи кон својот крај. Се наоѓаме на прагот на нова енергетска ера. Ера на евтина, чиста и достапна енергија што му обезбедува економски можности на човештвото. Ера на енергетска независност за секоја земја. Ера каде што пристапот до електрична енергија станува универзално право – а не привилегија. Во наши раце е да изградиме таков свет. Но тоа нема да се случи само од себе. Ниту пак ќе биде доволно брзо. Ниту пак доволно праведно. Од нас зависи. Ги имаме сите алатки на располагање за да ја изградиме иднината што човештвото ја заслужува. Да ги искористиме сите можности. Сега е моментот.“
Линк -
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}