Клучен исчекор кон поголема климатска транспарентност: одржана национална работилница со широк мултисекторски ангажман

Се одржа Национална работилница за презентирање на нацртот на Првиот двогодишен Извештај за транспарентност и Националниот инвентар на стакленички гасови 2020–2022 година, како и состојбата на климатска акција и системот за известување и верификација


„Денешната работилница за нацртот на Почетниот двогодишен извештај за транспарентност и националниот инвентар, претставува не само презентирање на инвентар за емисиите на стакленички гасови, туку претставува и мерка до каде сме со нашите заложби од Националните утврдени придонеси (НУП) според договорот од Париз и каде треба да се движиме со намалување на климатските промени и кон нивна адаптација.

   На 25 и 26 ноември 2025 година во Хотел Хилтон – Скопје со учество на над 40 владини институции, академската јавност, невладиниот сектор, експерти и други засегнати страни, со над 100тина преставници (57% жени) се одржа Националната работилница за презентирање на нацртот на Првиот двогодишен Извештај за транспарентност и Националниот инвентар на стакленички гасови 2020 – 2022 година, како и состојбата на климатската акција и системот за следење, известување и верификација во Северна Македонија. 


Република Северна Македонија, како не-Анекс I страна на Конвенцијата и потписничка на Парискиот договор, го изработува својот Прв двогодишен извештај за транспарентност (БТР1), кој вклучува информации за сите задолжителни елементи согласно модалитетите, постапките и насоките (MPGs) за Подобрениот рамковен систем за транспарентност (Анекс на одлуката 18/СМА.1): информации за Националниот инвентар, напредокот кон исполнување на NDC, политиките и мерките за ублажување и адаптацијата, загуби и штети, нивото на финансиска поддршка, развој и трансфер на технологии и градење капацитети, како и областите за подобрување. Табелите во Заеднички Табеларен Формат (CTF), согласно барањата од одлуката 5/СМА.3, кои Северна Македонија ги доставува преку Заедничката алатка за известување на ООН, претставуваат составен дел на нацрт БТР1.
„Презентацијата на сеопфатните национални податоци за емисиите на стакленички гасови за периодот 2020 – 2022 претставува клучен чекор кон информирано климатско делување и носење политики. Денешната работилница не е само за известување — таа е основа за понатамошно зацврстување на партнерствата, зајакнување на националните капацитети и обезбедување климатско делување и никој да не биде изоставен.“ – истакна Ана Чернишова, заменичка постојана претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации во земјата. 


„Денешната работилница за нацртот на Почетниот двогодишен извештај за транспарентност и националниот инвентар, претставува не само презентирање на инвентар за емисиите на стакленички гасови, туку претставува и мерка до каде сме со нашите заложби од Националните утврдени придонеси (НУП) според договорот од Париз и каде треба да се движиме со намалување на климатските промени и кон нивна адаптација. Временската рамка за Почетниот двогодишен извештај за транспарентност и националниот инвентар е 2020 - 2022 година и е согласно меѓународните стандарди за известување. Пооделните тематски разработки во рамки на проектот ќе бидат презентирани во следниот извештај и поденсен НУП, како подобрување што е направено во државата. Законот за климатска акција е во завршна фаза на усогласување со Секретаријатот за законодавство и заложбата е до крајот на годината Владата да го усвои. Со законот ќе се предвиди воспоставување на повисок координативен механизам, кон кој проектната група ќе дава технички придонес“. – истакна државниот советник за климатски промени во МЖСПП, д-р Теодора О. Грнчаровска.
Преку динамична и конструктивна презентанција и дискусија, фокусот беше ставен на презентирање на емисиите на стакленички гасови за сите релевантни сектори во рамки на нацрт Националниот инвентар за периодот 2020 -2022 година, следен со презентација на нацртот на Првиот двогодишен Извештај за транспарентност (BTR1) за периодот 2020 -2022 година, изработен според IPCC методологијата. 


Трендот на вкупните емисии (без секторот шумарство и други употреби на земјиштето) укажува на благ намалувачки тренд од 12.500 Gg CO₂-eq во 1990 година на околу 10.900 Gg CO₂-eq во 2022 година. Секторската распределба на емисиите покажува дека секторот енергетика доминира во сите години од временската серија, при што неговото учество речиси никогаш не паѓа под 70% од националниот биланс. Ова значи дека трендовите во производството на електрична енергија, потрошувачката на горива, структурата на возниот парк и ефикасноста на системите за централно греење практично го дефинираат климатскиот профил на државата. Кај отпадот, пак, се забележува стабилно и континуирано зголемување на емисиите на метан, што е особено изразено по 2000 година поради зголемените количини на комунален отпад и недоволната примена на системи за механичко-биолошки третман. Категоријата „Патен транспорт – течни горива“ следи со 15,4%, што претставува еден од најдинамичните и најбрзорастечки извори на емисии. Зголемувањето на возниот парк, урбанизацијата, растот на мобилноста и зависноста од дизел и бензин се главните причини за ова високо учество.

ВКУПНИ ЕМИСИИ НА СТАКЛЕНИЧКИ ГАСОВИ ПО СЕКТОРИ БЕЗ СЕКТОРОТ ШУМАРСТВО И ДРУГИ УПОТРЕБИ НА ЗЕМЈИШТЕТО (ВО Gg CO2-eq)


 
ВКУПНИ ЕМИСИИ НА СТАКЛЕНИЧКИ ГАСОВИ ПО ГАСОВИ (БЕЗ СЕКТОРОТ ШУМАРСТВО И ДРУГИ УПОТРЕБИ НА ЗЕМЈИШТЕТО) (ВО Gg CO2-eq)


 
Проценка на нивото на придонес на клучните категории и нивното учество во емисиите во 2022 и во трендот на емисии


 
Проектната работна група за климатски промени, составена од членови од релевантни институции и организации, продолжува да работи со несмалено темпо и здружена акција за унапредување на националните политики, координација на мерките за адаптација и ублажување, како и за обезбедување усогласеност на државата со меѓународните обврски во областа на климатските промени.
Активноста е дел од проектот финансиран од Global Environment Facility, реализиран од УНДП во партнерство со релеватните чинители – Министерството за животна средина и просторно планирање, Македонската академија на науки и уметности, Институтот за добро владеење и политики во животната средина и климатските промени и Универзитетот Гоце Делчев од Штип.

{{"article.trending"|translate}}

{{"article.lastestPosts"|translate}}

{{'article.tags'|translate}}

{{'newsletter'|translate}}

Subscribe to our newsletter for good news, sent out every month.

{{"successful.subscription"| translate}}

{{subscriber.subscriber.email}}

{{"thank.you.for.subscription"|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close