Загадувањето на воздухот стана главна закана за животната средина и здравјето на луѓето кои живеат во Скопје, а ситуацијата се влошува со години. Греењето на домаќинствата е еден од главните виновници, со придонес од најмалку 32% во вкупните штетни емисии. Во текот на зимските месеци, мониторинг станиците на Министерството за животна средина и просторно планирање ги мерат концентрациите на штетните честички на PM10 кои се околу десет пати повисоки од максимално дозволените концентрации според националното законодавство. Но, каква врска има ова со климатските промени? Па, иако климатските промени и загадувањето на воздухот се предизвикани од различни гасови, нивниот извор е обично ист ...
Како одговор на проблемот, во 2017 година беше подготвена Студија за греење "СТУГРЕС" на територијата на град Скопје и 17 општини кои се дел од скопската агломерација, со цел да се испита начинот на кој различни практики за греење на домаќинствата влијаат на емисиите на стакленички гасови (CO2, CH4, N2O), локалното загадување (PM2,5, PM10, CO, SOx, NOx) и квалитетот на воздухот во главниот град.
Користејќи ја новата локално развиена иновативна мобилна апликација - Placeformer и со поодршка на Центарот за Иновации на Град Скопје - СкопјеЛаб, се собраа огромен број на податоци за само 3 недели, многу поевтино и побрзо од стандардните методи за собирање податоци.
Како се греат домаќинствата во Скопје? – Интерактивна мапа
Со преклопување на податоците за грееење на домаќинствата со различни мерки и политики се добија 3 мерки кои ќе овозможат Скопје да дише:
• енергетски ефикасни згради (подобрување на изолацијата во станбените објекти)
• промена на грејните практики (поефикасни технологии)
• зголемена употреба на централно греење (постоечки или мали централни системи)
Предложените мерки, исто така, можат да ја намалат потрошувачката на енергија добиена од извори на енергија кои имаат високи емисии на стакленички гасови, да обезбедат нивна замена со нискојаглеродни горива, како и да промовираат употреба на технологии кои ќе имаат минимален ефект врз локалното загадување. Дополнително, комбинираниот ефект од спроведувањето на сите три мерки заедно е многу поголем од ефектот на мерките ако се спроведат поединечно.
СТУГРЕС не само што спречува понатамошни шпекулации за решенија кои се фокусираат на симптомите, а не на причините, туку дава и чекор по чекор насоки како да се подобри квалитетот на воздухот во Скопје.
СТУГРЕС ги претвора предизвиците во можности, правејќи промена во корист на Градот Скопје и неговите жители.
СТУГРЕС повеќе информации на следниот линк.
Повеќе информации за загадувањето на воздухот во Скопје http://skopjesezagreva.mk
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}