Мотивација за креирање на овој портал ни беше потребата да воспоставиме комуникациска платформа која ќе биде појдовна точка за информации поврзани со климатски промени и климатска акција во државата, како на национално, така и на локално ниво. Секоја информација го отсликува лицето на климатските промени од македонски аспект и нашите напори полеснода се адаптираме.
Климатските промени се поврзани со и се рефлектираат на сите области (од енергетика и транспорт до сточарство и земјоделство). Како мултисекторска проблематика, бараат и мултисекторски пристап и блиска соработка со многу чинители, што од друга страна бара подобрувањето на комуникацијата помеѓу сите нив.
Порталот е подготвен со техничка и финансиска поодршка од Програмата за развој на ОН (UNDP) и Глобалниот фонд за животна средина (GEF), а Секторот за комуникација со јавност при Министерството за животна средина и просторно планирање е одговорно тело за одржување на порталот и воошто за комуникација за климатските промени.
Министерството за животната средина и просторно планирање (МЖСПП)е институцијата одговорна за политики за климатските промени, национална тело за контакт кон Рамковната конвенција на ОН за климатските промени (UNFCCC) и е назначен национален орган за спроведување на Протоколот од Кјото.
Други министерства кои имаат одговорности во однос на климатските промени се:
Канцеларијата на заменик премиерот за економски прашања е одговорна за постигнување на целите за одржлив развој и исто така е национален назначен субјект за Зелениот климатски фонд(GCF).
Техничката група во Советот за одржлив развој исто така учествува во овој процес како и други главни засегнати страни од власта и од граѓанското општество.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}