Во рамките на проектите за климатски промени кои Министерството за животна средина и просторно планирање континуирано ги поддржува, отворена е веб страницата на која може да се пресмета јаглеродниот отпечаток (carbon footprint) што секој од нас го остава со начинот на живеење.
Целта е преку забавен квиз да дознаеме колку ние како индивидуи влијаеме врз климатските промени, а со тоа и квалитетот на нашиот живот. Страницата, воедно нуди еколошки алтернативи за да ја намалиме емисијата на штетните гасови кои предизвикуваат глобално покачување на температурата.
Пресметајте го вашиот јаглероден отпечаток на следниот ЛИНК!
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}