На покана и во организација на естонското Министерство за клима, во рамките на СОР 28, на 9-ти декември 2023г., д-р Теодора О.Грнчаровска учествуваше на панелот насловен “Глобален еколошки преглед - Споделување на одржливоста преку оценка на перформансите на животната средина”.
Во својот настап, Грнчаровска ја истакна важноста на податоците во формулирање на мудри политики за животната средина и климата,
потенцирајќи ја потребата од оптимизирање на обврските за известување на сите засегнати страни преку воспоставување на адекватна регулаторна рамка и градење соодветни капацитети преку адаптација на образовните системи.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}