Известување за достапност на Нацрт текст на Предлог на Закон за климатска акција февруари
Достапен Нацрт текстот на Предлог на Закон за климатска акција и Извештајот за проценка на регулативата
Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека Нацрт текст на Предлог на Закон за климатска акција и Извештајот за проценка на регулативата, е достапен на Единствениот национален електронски регистар на прописи во Република Македонија (ЕНЕР) на: https://bit.ly/3wU7URe, како и на веб страницата на Министерство за животна средина и просторно планирање на: https://bit.ly/3l4MCxW со што е запазена временската рамка за јавно објавување на истиот.
Првичното известување на Министерството за животна средина и просторно планирање за започнување со изработка на Законот за климатска акција е достапно на следниот линк: https://bit.ly/3HRog3y