Реосигурителната компанија „Munich Re“ предупредува дека климатските промени ги зголемуваат шансите за екстремни временски настани.
Осигурената штета од природни катастрофи минатата година изнесуваше околу 120 милијарди долари, а поголема беше само во 2017 година кога достигна 146 милијарди долари, поради ураганите Харви, Ирма и Марија.
Тешка година исто така беше и 2011 година, кога имаше серија силни земјотреси во Јапонија и Нов Зеланд и 2005 година кога ураганот Катрина го опустоши Њу Орлеанс.
Проценката на „Munich Re“ е повисока од онаа на „Swiss Ra“, која во декември пресмета дека вкупната осигурена штета во 2021 година изнесува 105 милијарди долари.
Прочитајте повеќе овде
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}