Заедно посилни



Македонските експерти за клима го започнаа вториот и последен ден од нивната виртуелна студиска посета на Прага со видео "посета" на хотелот Мозаик Хаус, јаглеродно-неутрален хотел во центарот на градот со зелени покриви и систем за рециклирање на отпадни води.

21 учесник во оваа студиска посета, разменија искуства со Чешкиот хидрометеоролошки институт во Прага за подготовка и известување на инвентари на стакленички гасови.

Утрото се разговараше за известувањето за емисиите во секторот отпад и во индустријата. Чешките експерти истакнаа дека е исклучително важно да се градат силни релации со колегите од Државниот завод за статистика и од другите министерства и професионални здруженија. Тие, исто така, опишаа кои ресурси и обврски произлегуваат од членувањето во ЕУ. На крајот, учесниците го слушнаа најновиот извештај за случувањата на 26. Конференција на страните во Глазгов, поконкретно за начините за известување за стакленички гасови презентиран од Експертот за гаранција на квалитет кој работеше на Националниот инвентар на стакленички гасови на Чешка, Ристо Саарикиви.

Во последната сесија, учесниците ги споделија впечатоците и дадоа повратни информации за посетата, која беше продуцирана од ПОЗИТИВ и во која се реализираа преноси во живо, видео-конференции и наменски подготвени видеа. Експертот за квалитет на инвентарот на стакленички гасови од Македонија го опиша настанот како „невообичаена, но многу корисна можност да се види како поискусните земји го подготвуваат инвентарот на стакленички гасови“. Учесник од Министерство за животна средина и просторно планирање го опиша виртуелното студиско патување како „одлично и уникатно искуство“, додавајќи дека беше многу интересно да се слушнат „информациите за организацијата на целиот процес во Чешка, во кој се вклучени различни институции со цел тоа одржливо да функционира“.

Експертите од двете земји изразија желба да продолжат да комуницираат за оваа проблематика. Како што изјави и Ристо Саарикиви, „Емисиите на стакленички гасови не се проблем само на една земја, затоа е потребна соработка. Заедно до поголем успех!“

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close