Емисиите на јаглерод го достигнуваат нивото од пред пандемијата
Глобалните емисии на јаглерод диоксид ќе се вратат приближно на нивоата на кои беа пред пандемијата Ковид-19, открија научниците.
Количината на гасови кои ја загреваат атмосферата во 2020 година падна за 5,4% поради карантините. Mеѓутоа, научниот извештај направен во рамки на Global Carbon Project предвидува емисиите на СО2 оваа година да пораснат за 4,9%.