Нуредини: Мерките за адаптација мора да го вклучуваат и културното и природното наследство



Министерот Нуредини, вчера попладне на покана на Грчката Влада учествуваше и се обрати на настанот на високо ниво посветен на заштита на културното и природното наследство од влијанијата на климатските промени и идните чекори.

Во своето обраќање Нуредини ги претстави националните студии и напори за конзервација на културното наследство и природните подрачја. При тоа ја истакна неопходноста да се адресираат компонентите на адаптација на еднаков начин и на секторот културно и природно наследство, особено во државите што се препознати како најранливи на климатски промени.  

Зборувајќи за правната регулатива, Нуредини го претстави новиот Закон за климатска акција на кој се работи во нашата држава, при што ја истакна важноста на вклучување на обврска за вградување на климатските аспекти во сите други секторски политики, односно планови и стратегии, важноста да се развие еден Национален план за адаптација, како и издвојување на финансии потребни за имплементација на мерките. 

На настанот учествуваа 20-тина министри и владини претставници за клима од повеќе држави од светот. 

Повеќе



{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close