Министерот Нуредини ќе ја презентира националната климатска амбиција во Глазгов



Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, вчера и денеска заедно со претседателот Стево Пендаровски учествува на Светскиот лидерски самит, во рамките на климатскиот самит #COP26 во Глазгов, каде заедно со лидерите на државите во светот се презентираат националните климатски амбиции и акции.

Во повеќедневната програма на климатските преговори, министерот Нуредини ќе учествува и на различни тематски настани, каде беше поканет да го претстави ревидираниот национално определен придонес на Република Северна Македонија, препознаен како еден од поамбициозните ревидирани придонеси кон Договорот од Париз. Со овој придонес нашата земја се обврза за намалување на емисиите на стакленички гасови од 51% или изразено во нето емисии, во 2030 година, намалување од 82% во споредба со нивоата од 1990 година.

Министерот Нуредини денеска ќе присуствува и на лансирањето на Заложбата за ограничување на емисиите од метан на настанот во организација на претседателот на САД, Џозеф Бајден и претседателката на ЕК Урсула фон дер Лејен, поддржана и од Република Северна Македонија врз основа на претходно анализираните и усвоени политики и мерки во климатските стратешки документи.

На покана на грчката Влада, министерот Нуредини во попладневните часови ќе се обрати на настанот на високо ниво посветен на заштитата на културното и природното наследство од влијанијата на климатските промени, на кој ќе ги претстави националните студии и напори за конзервација на културното наследство и природни подрачја.


{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close