СКОПЈЕ, 21 октомври 2021 – На Младинскиот самит за климатски промени што се одржа вчера во Скопје под водство на младите се усвои Младинска декларација за климатски промени со која се бара носителите на одлуки да преземат конкретни мерки за климатските промени и да се создадат повеќе можности и простор за младите да влијаат на одлуките поврзани со климатските промени.
Младинскиот климатски самит - иницијатива предводена од младите - беше поддржан од УНИЦЕФ заедно со италијанската, шведската и британската амбасада во Северна Македонија и се организира по глобалниот настан “Младите за климата – предводници на амбицијата“ што се одржа во Милано и пред 26-та Конференција на партиите на ОН за климатски промени (COP26) во Глазгов. , УНИЦЕФ заедно со италијанската, шведската и британската амбасада го поддржаа овој Самит за вклучување на младите во дијалог за климатска акција со националните претставници. Се надоврзува на иницијативата „Преосмисли ја иднината“ на Кабинетот на претседателот Пендаровски и УНИЦЕФ - иницијатива за младински консултации која им дава на децата а младите луѓе простор да се вклучат во дефинирање на посакуваната визија за својата иднина.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}