Теодора Грнчаровска, државната советничка за климатски промени во Министерството за животна средина, е единствениот член на стоилјадниот јавен сектор, на која справувањето со климатските промени и е примарна работна обврска.
Во анализата за институционалните капацитети изработена во 2020 годинса, во која БИРН имаше увид, се вели дека во десетина клучни институции како министерствата за животна средина, земјоделство и шумарство, економија, финансии, транспорт и врски, управите за хидрометеоролошки работи и за цивилно воздухопловство, регулаторната комисија за енергетика и други, на проблематиката со климатските промени работат над 170 луѓе.
Во овој документ, степенот на посветеност на вработените во институциите кон прашањата за климата се обележува со т.н. климатски маркер. Со ознака 3 се бележат оние на кои тоа им е главна работа, со 2 тие на кои им е паралелна, но речиси на исто ниво со другите обврски, а со 1 оние на кои им е споредна задача.
„јас сум единствената тројка“, вели Теодора Грнчаровска за БИРН.
Грнчаровска има докторирано на темата за климатските промени и работи во оваа област долго време. Вели дека, иако домкументите покажуваат дека таа е единствената задолжена за климатските промени во земјава, тоа не е толку црно-бело.
Прочитајте повеке тука
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}