Едукација и свесност за климатски акции

Tретата регионална конференција за образование и свесност за климатските акции во Европа и Централна Азија имаше за цел да обезбеди позадина и споделување на знаење меѓу земјите и засегнатите страни

Едукација и свесност за климатски акции

Tретата регионална конференција за образование и свесност за климатските акции во Европа и Централна Азија имаше за цел да обезбеди позадина и споделување на знаење меѓу земјите и засегнатите страни


На 29-ти и 30-ти јуни се одржа третата регионална конференција за образование и свесност за климатските акции во Европа и Централна Азија како виртуелен настан на платформата zoom.

На 29-ти и 30-ти јуни се одржа третата регионална конференција за образование и свесност за климатските акции во Европа и Централна Азија како виртуелен настан на платформата zoom. Целта на настанот беше унапредување на климатското образование, свесност и ангажираност во регионот на Источна Европа и Централна Азија, врз основа на резултатите од регионалната иницијатива за климатско образование на UNDP, Climate Box. Овој виртуелен регионален дијалог имаше за цел да обезбеди позадина и споделување на знаење меѓу земјите и засегнатите страни.

Настанот се одржа преку три сесии:

- Сесија I: Регионален дијалог „Климатско образование за климатски акции и одржлив развој“

- Сесија II: Дијалог на наставници и работилници

- Сесија III: Младински форум за климатски акции


Беа споделени разни искуства од над десет земји партнери на „ Climate Box“. Climate Box е регионална иницијатива за образование за климатските промени на УНДП и интерактивен пакет на алатки за учење климатски промени за ученици и наставници. Пакетот со алатки вклучува сеопфатни материјали и наставни алатки за климатските промени наменети за деца од основно и средно училиште.


На првата сесија Анита Коџоман – од УНДП го сподели искуството на Република Северна Македонија и ангажманот во врска со младите, образованието и климатските промени. Даден е посебен преглед на онлајн консултациската платформа „Младите за климата“ и на крајот беа презентирани резултатите и препораките од извештајот. Младите луѓе кои се вклучија во нашите консултации ги споделија своите искуства, потреби и визии за климатски акции во Република Северна Македонија и повеќето од принципите и вредностите што беа споделени вклучуваа супсидијарност, долгорочно размислување, инклузивност, доверба, транспарентност, практичност и холистички приод. Можете да прочитате повеќе за целиот овој процес на следниот блог: Ангажирањето на младите во климатските активности е подготвено за следниот чекор, а исто така повеќе за моето искуство со младите и климатските промени во Република Северна Македонија можете да прочитате на следниот блог.


За време на втората сесија, посебен нагласок им беше даден на наставниците и нивното искуство со пакетот со алатки на climate box. Одржани беа три тематски работилници: вклучување на климата во училишната програма, Спроведување на програмата за обука на наставниците како дел од националните курсеви, и неформалното образование и активности надвор од наставните програми.


На последната сесија беа дадени презентации за ветувањето за климата на УНДП за младите, младинските дијалози и зеленото образование. Различни искуства во форма на презентации на климатски проекти од партнер училиштата на climate box беа споделени од страна на ученици од над десет земји партнери на climate box. Исто така, имавме можност како целна група - млади да го споделиме нашето искуство со други земји за време на тематските работилници и исто така да добиеме увид од други земји кои веќе се climate box партнери.

Општиот заклучок што го имав од овој настан е дека драгоценото искуство на младите и иновативните идеи и решенија се сè уште неискористен потенцијал за трансформативно дејствување на климатски акции. Сепак, нивното знаење, енергија и страст помогнаа да се создаде глобално движење кое бара смела климатска акција од страна на нивните лидери, истовремено водејќи акции во нивните земји и заедници.

Марија Спасовска

Дипломиран економист, моментално студент на постдипломски студии на Економскиот факултет – Скопје, при УКИМ и соработник за род и климатски промени ангажиран од УНДП при МТСП. Пројавува особен интерес за истражувања од областа на климатските промени, зелена иднина, одржлив развој, родова еднаквост, како и креирање на подобро општество за сите граѓани.

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close