На 20.04.2021, се одржа четвртата обука на тема „ПОВРЗАНИ СЕКТОРИ со климатски промени – земјоделство/шумарство/сточарство“. Обуката е во рамки на CBIT проектот “Зајакнување на институционалните и технички капацитети за подобрување на транспарентноста за климатски промени во рамките на Договорот од Париз (CBIT проект)” на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), кој се спроведува во соработката со Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) и Глобалниот фонд за животна средина (GEF).
Целта на работилницата беше да обезбеди информации за релевантните засегнати страни и академската заедница за врските помеѓу секторите земјоделство/шумарство/сточарство и климатски промени и потребата од неопходна акција во овие сектори и инвестиции во зелена ниско-јаглеродна економија во периодот после пандемијата.
На работилницата присуствуваа околу 40тина претставници од јавни/владини инстуции, претставници од МЗШВ, МЖСПП, УНДП, Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“, Факултетот за земјоделски науки и храна, општини во РСМ и претставници на здруженија на граѓански оганизации кои работат во областа на животната средина, шумарството и земјоделството, како и руралниот развој.
Подолу може да ги најдете материјалите од обуката на оваа тема:
Национална стратешка рамка и политики поврзани со климатските промени
Климатските промени - предизвици во шумарството
Климатски промени - предизвици во земјоделството
Влијанието на климатските промени врз шумските екосистеми
Преструктуирање на секторот земјоделство и рурален развој
Локалните акциони групи (ЛАГ) и климатските промени
Видео снимките од обуката се достапни на следните линкови:
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}