Учеството на младите - пресвртна точка за климатски акции



Справувањето со климатските промени е клучно за да се отвори патот кон одржлива иднина и со повеќе од 1,8 милијарди млади луѓе во светот, младите се клучни чинители во климатските активности.

Климатските промени претставуваат најголема закана за одржливиот развој и предизвикуваат широко распространети, силни влијанија што непропорционално ги оптоваруваат најсиромашните, маргинализираните и најранливите, вклучувајќи ги и младите. Справувањето со климатските промени е клучно за да се отвори патот кон одржлива иднина и, со повеќе од 1,8 милијарди млади луѓе во светот, младите се клучни чинители во климатските активности. Сепак, младите остануваат недоволно застапени во процесите на донесување одлуки поради недостаток на техничка, политичка и финансиска поддршка, дискриминација поврзана со возраста, полот, искуството и можностите, како и недостаток на пристап до информации. Овие бариери продолжуваат да го попречуваат значајниот ангажман и влијанието на младите врз климатските активности и другите процеси на развој. Пандемијата КОВИД-19 ги ​​зголеми последиците од нееднаквостите, неправдите и маргинализацијата на младите и едноставно го обелодени целиот степен на ранливост на луѓето.

Работата на УНДП со младите, климатските акции, животната средина и човековите права се прошири и се продлабочи во изминатите години, особено преку Климатското ветување, Младинската глобална програма за одржлив развој и мир и Програмата за поддршка на НДЦ. Во 2020 година, УНДП беше домаќин на глобална консултација на тема „Значајното учество на младите како пресвртна точка за климатските активности и амбициите на НДЦ“ (јули-август 2020 година), проследено со работилница со младински делегати на тема „Зголемување на значајното учество на младите во климатските активности забрзан напредок заедно со овие глобални иницијативи, УНДП организираше регионални консултации и национални работилници за климатските активности и младите во текот на 2020 и 2021 година.
УНДП исто така организираше консултации за вклучување на младите во проблемот со климатските промени со вклучување на околу 300 млади луѓе во Македонија во периодот октомври-ноември 2020 година. Повеќе за процесот може да прочитате тука.
Во овој контекст, во пресрет на COP26, УНДП ја започнува „Младинската климатска турнеја“, серија дијалози за земји кои ја вклучуваат работата на УНДП за климата во партнерство со засегнатите страни - младите во различни земји и региони.

Може да го погледнете извештајот од е-консултација на Спаркблу: Значајно учество на младите како пресвртна точка за климатските активности и достигнување на  амбициозните НДЦ тука.

За дополнителни информации кликнете овде, доколку сакате да се приклучите на утрешниот настан регистрирајте се на следниот линк.

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close