Во овој блог се запознаваме повеќе со Колектив Зет, младите активисти за климатска и социјална правда, сферите на нивната работа и нивната визија за подобро општество. Воедно, овој текст ќе ве поттикне да размислувате за вашата визија за подобро утре.
„А сега, затворете ги очите и замислете дека е 2030-та година. Замислете ја иднината во којашто ВИЕ би сакале да живеете во 2030-та. Почувствувајте се како дете со фантазија без граници и оставете го вашиот ум да патува до места каде што можеби и никогаш не би отишле. Дајте си колку време и да ви е потребно, па почнете со одговарање на прашањата за визионирање.“ - Со овие зборови започнува процесот на визионирање на платформата за партиципативна демократија Зелен глас (www.zelenglas.mk/).
Оваа форма, како главен дел од платформата Зелен глас, е процесот преку кој се гради колективната визија на граѓаните на нашата земја, достапен на Зелен глас, во делот на Сподели визија. Преку едноставен прашалник/форма на платформата, секој граѓанин може да ја сподели својата визија за иднината, во една или повеќе тематски групи.
Националниот Зелен договор, кој Колектив Зет, заедно со иницираното движење Коалиција на иднината го креираат, се темели врз граѓанските визии. Овој процес на собирање на визии ќе трае до јули 2021 година и крајните креирани предлог политики базирани на визиите ќе бидат доставени до сите релевантни национални владини и невладини институции, одлучувачки тела и Собранието. Затоа, ги охрабруваме сите граѓани да ги споделуваат своите визии и да се изразуваат слободно: преку текст, цртеж, видео, песна, со следење на прашањата и текот на формата.
Иницијатори на ова се активистите од Колектив Зет - здружение на млади за климатска и социјална правда, основано со цел да создавање на процес за постигнување на поправедно и правично општество и преку кое се креираат пoтpeбнитe пpoмeни за нaшитe зaeдници вo нашата држава.
„Размислувајќи за трансформирање на сегашноста преку градење заедничка визија за праведна и одржлива иднина во која сакаме да живееме ние и идните генерации - го отпочнавме креирањето на националниот Зелен договор со цел организирање кон постигнување на визиите со подобрување на животот во нашите заедници.“ велат активистите од Колектив Зет.
„Зелениот договор е сеопфатен прогресивен план за борба против климатската катастрофа и отстранување на општествено-економските нееднаквости во државата. Тоа е план креиран врз основа на долгорочна колективна визија за општествено-праведно и еколошко и климатски-одржливо општество до 2030-та година, со конкретни краткорочни чекори за започнување на преуредувањето на моменталниот политичко-економски систем.“
Краткорочните чекори се во форма на предлози за градење и менување на политики за постигнување на климатска, социјална, економска и енергетска правда, како и локални иницијативи за подобрување на животот на засегнатите групи и заедници, истовремено зачувувајќи ја природата и локалните екосистеми.
Коалицијата на иднината, како и Зелениот договор, е составена од 9 тематски работни групи според контурите на Зелениот договор:
Оваа група е отворена за сите кои сакаат колективно да работат, веќе работат, или се дел од група која работи на подобрување на животот на луѓето во било која сфера на постоење. За оние кои се заинтересирани, пополнете го овој формулар и станете дел и од ФБ групата.
Колектив Зет се залага за заедничка визија која е сочинета од заедници кои напредуваат со љубов, солидарност и длабока грижа, дом на слободни луѓе кои ја слават различноста и живеат достоинствено и во хармонија со сите живи суштества. „За да ја постигнеме оваа визија веруваме дека ни е потребен силен, обединет фронт со радикална визија за нашата иднина, вкоренет во солидарност, правда и грижа за нашите заедници и нашето опкружување.“ посочуваат од Колектив Зет.
Интерсекционалност, правда, феминизам, солидарност и заедништво се петте вредности за кои се залага Колективот и кои се водилка во постигнување на колективната визија. „Интерсекционалноста е главниот пристап преку кој ги гледаме различните форми на системски угнетувања и нееднаквости, кои често се случуваат заедно на сложен и кумулативен начин, и преку овој пристап дејствуваме кон промена на системот и социјална правда. Користејќи го овој пристап во градењето на движење, создаваме платформи на заедници и индивидуалци за заедничко визионирање и колективно трансформативно дејствување.
Нашата улога во овој процес е создавање на платформа каде што сите граѓани, особено младите и засегнатите заедници, имаат простор да споделат свое мислење и визија за иднината, со што директно ќе придонесат кон создавањето на националниот Зелен договор.
Со цел остварување на визијата на сите граѓани за подобро општество, веруваме дека мора да има акции кои ќе произлезат од овој процес кон праведна системска трансформација и подобрување на нашите заедници. А за ова, потребна е меѓусекторска соработка, со која што овие идеи, принципи, залагања и визии ќе се преточат низ акциски план кој ќе биде приоритет за нашата држава.“
Па главното прашање е: дали сме спремни заедно сите да вложиме напори денес кон подобро утре?
Дознајте повеќе за Колектив Зет на нивниот Фејсбук, Инстаграм и Тикток, и на www.kolektivz.mk.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}