Јаглеродното пребивање: Едноставен водич за постигнување јаглеродна неутралност

Што ќе се случи ако не преземеме сериозни мерки против климатските промени?
  • {{"article.by"|translate}}
  • {{"article.posted"|translate}} 06-05-2021

Јаглеродното пребивање: Едноставен водич за постигнување јаглеродна неутралност

Што ќе се случи ако не преземеме сериозни мерки против климатските промени?


До 2050 година може да го изгубиме многу животински и растителни видови. Секој шести вид ќе биде истребен, КОВИД-19 ќе биде првата од многуте пандемии, а 300 милиони луѓе ќе се борат со секојдневни поплави и постојано раселување. Тоа се само некои од проблемите. Едно (делумно) решение е јаглеродното пребивање.

Што ќе се случи ако не преземеме сериозни мерки против затоплувањето на климата?

До 2050 година може да го изгубиме многу животински и растителни видови. Секој шести вид ќе биде истребен, КОВИД-19 ќе биде првата од многуте пандемии, а 300 милиони луѓе ќе се борат со секојдневни поплави и постојано раселување. Тоа се само некои од проблемите.

Едно (делумно) решение е јаглеродното пребивање. Терминот „јаглеродно пребивање“ започна да се користи во првата деценија на 21-от век кога сè повеќе растеше загриженоста за нивото на СО2 како сериозен загадувач на атмосферата. 


Што е јаглеродно пребивање?

Јаглеродно пребивање значи компензирање/пребивање на загадувањето од емисиите на јаглероден диоксид што може да се постигне со некое од следните активности:

  • Спречување на иста количина загадување на друго место
  • Извлекување на оваа количина на СО2 од атмосферата и нејзино складирање во природата 

Тоа се активности за постигнување на рамнотежа меѓу активностите кои ѝ штетат и кои ја штитат животната средина. 

Едноставно кажано: јаглеродно пребивање е секоја активност што компензира за емисиите на СО2 или на некој друг стакленички гас со тоа што обезбедува намалување на емисиите на друго место.

Бидејќи стакленичките гасови се широко распространети во атмосферата на Земјата, секое намалување на емисиите на јаглерод помага, без оглед каде се случува. 

Но, колку CO2 има во атмосферата? Нивото на јаглерод во атмосферата е највисоко до сега во последните 800 000 години. Некои велат дека сега има најмногу јаглероден диоксид во последните 3 милиони години.

Според податоците од 2020 година во атмосферата има 417 ppm CO2. Глобалниот просек во 2019 година беше 409,8 ppm.


Како можеме да го неутрализираме јаглеродниот отпечаток?

Еве како можете да надоместите за вашиот јаглероден отпечаток.

Јаглеродното пребивање може и да се купи, продава или пак со него да се тргува на пазарите на јаглерод.

Одличен пример за пазар за јаглеродно пребивање е Single.Earth платформа на која поединци и компании можат да надоместуваат за нивниот јаглероден отпечаток со финансирање на активности за заштита или обнова на природните понори на јаглерод.  

Сè повеќе и повеќе луѓе согледуваат дека природата е највредното богатство на оваа планета. Тоа е буквално она што го одржува човештвото во живот - и токму природата е најефикасниот начин за отстранување на СО2 од атмосферата! Затоа, природните климатски решенија сè повеќе се анализираат преку клучните економски индикатори како што е БДП.

Револуционерната одлука на ООН да ги додаде природните ресурси во економските извештаи во комбинација со работата на Single.Earth дава надеж за подобра иднина. Иднина во која земјиштето ќе вреди повеќе доколку е оставено природно, со здрави и недопрени екосистеми, наместо да е под насади, со исечени шуми или пак со рудници. 

Други примери на проекти за јаглеродно пребивање се:

Проектите за обновлива енергија и компаниите што се фокусираат на поодржливи опции за инвестирање.

  Подобрувања за енергетската ефикасност

  • Подобрување на изолацијата на зградите за да се намали загубата на топлина;
  • Инсталирање на енергетски ефикасно осветлување.

 Користење на поефикасни возила за превоз

  • Во 2020 година,  продажбата на електрични автомобили во светот  достигна 3,24 милиони, што е големо зголемување во споредба со претходната година кога таа изнесуваше 2,26 милиони.
  • … Или да изберете да пешачите или да возите велосипед наместо да користите автомобил

Секвестрација на јаглерод = отстранување на јаглеродот од атмосферата и складирање на истиот

  • Сепак, до денес, ниту еден вештачки понор на јаглерод не може да отстрани доволно јаглерод од атмосферата за да се намалат климатските промени!


Што е јаглеродна неутралност?

Јаглеродна неутралност значи дека намалувањето на јаглеродот е еквивалентно на вкупните емисии создадени од некоја активност. 

Ако ги ставите  намалувањата на јаглерод на едниот крај од вагата, а вкупниот јаглероден отпечаток на другата страна и вагата е во рамнотежа, е тоа е јаглеродна неутралност!

Значи, што е јаглеродно неутрална компанија? Тоа не значи дека компанијата  воопшто не емитува јаглерод, туку дека постои совршена рамнотежа помеѓу испуштените и апсорбираните емисии од атмосферата во јаглеродните понори.

Зошто јаглеродната неутралност е важна за компаниите? 

Дали јаглеродната неутралност е добра за животната средина?

Да. Без разлика дали сте компанија или поединец, користењето калкулатор за пресметување на јаглеродниот отпечаток е многу важно. Тоа ви помага:

  • ефикасно да управувате со емисиите на јаглерод
  • да идентификувате потенцијал за нивно намалување и заштеда
  • -> да бидете поодржливи -> да се движите кон јаглеродна неутралност -> да ја заштитите нашата планета

Кој се стреми за да постигне јаглеродна неутралност?

А кој не? Компаниите што не прават така заостануваат и треба веднаш да започнат да размислуваат за својата одржливост. 


Колку јаглерод се пребива со едно дрво?

Дали дрвјата се одговорот за климатските промени?

Шумите се неизмерно важни за јаглеродното пребивање:

Најважно е да се заштитат шумите што ни останаа. 

Понатаму, во една студија за шумите ширум светот се утврдува дека  колку е постаро дрвото, толку е поголем неговиот потенцијал да складира јаглерод и да ги забави климатските промени.

Што се однесува до прашањето колку јаглерод неутрализира едно дрво, не е лесно да се одговори. Дрвјата се различни во борова шума и во тропска дождовна шума. Исто така капацитетот за складирање на јаглерод зависи и од возраста на дрвото.

Една многу груба проценка вели дека еден англиски даб со дијаметар од околу 30 см може да содржи 0,5 тони јаглерод. За споредба, еден патник во авион од Лондон до Њујорк е одговорен за емисија на околу 0,2 тони јаглерод!


Како да ги пребиете емисиите од авионски лет?

Најефективниот начин за борба против климатските промени е да се намалат емисиите, што значи воопшто да не летате. Пронајдете поодржлив начин; наместо тоа, користете воз или автобус.

Меѓутоа, ако мора да патувате со авион и сакате да знаете како да ги пребиете емисиите од вашиот лет (така и треба, браво!), треба да имате предвид неколку работи.

Ако купите авионски билети и не е јасно дали билетите се пребиваат, побарајте план за одржливост на авиокомпанијата. Добијте одговори на следните прашања:

1.     Дали користат програми на Single.Earth за компензација на јаглеродните емисии со цел самите да ги пребиваат емисиите од сите нивни летови?

2.     Дали нудат опција вие доброволно да платите дополнителен надоместок за вашите билети за јаглеродно пребивање, со што одговорноста за јаглеродно пребивање е кај вас?

3.      Ако тие не се транспарентни за своите постапки, важно е купувачите да покажат дека бараат поголема одржливост од авиокомпанијата. 

Блогот е превземен од веб страната на Single.Earth: https://cutt.ly/WbmMLz2

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close