На 26 јануари се одржа онлајн презентација на извештајот за Социо - економска проценка на ревидираниот национално утврден придонес кон Договорот од Париз
На 26 јануари се одржа онлајн презентација на извештајот за Социо - економска проценка на ревидираниот национално утврден придонес кон Договорот од Париз. Извештајот беше подготвен од DS Instiute од Канада во рамките на CBIT проектот “Зајакнување на институционалните и технички капацитети за подобрување на транспарентноста за климатски промени во рамките на Договорот од Париз”.
Целта на оваа презентација беше да се презентира анализата и да се извлечат препораки за социо-економските влијанија и придобивки од ревидираниот национално утврден придонес за климатски промени од страна на Република Северна Македонија. По презентацијата на извештајот следуваше дискусија со претставниците на DS Institute и членовите на Работната група за транспарентност во климатските политики.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}