Со цел да се унапреди агендата за климатски промени и градењето на капацитетите за имплементирање на амбициозните климатски акции, на 26 февруари 2021 година се одржи вебинарот „Креираме институционална меморија за климатски промени“. Целта на овој вебинар беше презентацијата на наодите од две тековни анализи направени од тим на експерти на компаниите Aether и HEAT GmbH преку блиска координација со засегнатите страни и преглед на постојните иницијативи.
Проектниот тим на Aether дизајнира системска платформа за транспарентен проток на податоци поврзани со климатски промени, како и нивна анализа со цел да се следи ефикасноста на имплементација на климатските политики и акции. Од друга страна, HEAT GmbH го разгледа аспектот на потребни капацитети во јавните институции.
Во вебинарот каде што учествуваа клучните партнери, се иницира дискусија и предлози за конкретни решенија за процесот на подготовка на платформата за следење, известување и верфикација на климатските акции од стратешките документи за климатски промени (МРВ платформа) и анализата на потребните институционални капацитети за имплементирање на амбициозните климатски акции од стратешките документи за климатски промени во државата.
Со овие активности, државата не само што ќе развие транспарентна институционална “меморија” за климатски промени, туки и ќе исчекори напред кон остварување на целите на договорот од Париз за климатски промени и кон Европската цел за континент со 0 емисии на стакленички гасови во 2050.
Анализите како и вебинарот се подготвени во рамките на “Зајакнување на институционалните и технички капацитети за подобрување на транспарентноста за климатски промени во рамките на Договорот од Париз”, кој Министерството за животна средина и просторно планирање го спроведува со техничка и финансиска поддршка на UNDP и GEF.
Целиот вебинар можете да го следите на следниот линк.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}