На 10.02.2021, ЗОР Милиеуконтакт Македонија ја организираше првата обука на тема „Адаптација на климатските промени“.
На 10.02.2021, ЗОР Милиеуконтакт Македонија ја организираше првата обука на тема „Адаптација на климатските промени“. Оваа обука е прва во низата на обуки кои се реализираат во рамки на CBIT проектот “Зајакнување на институционалните и технички капацитети за подобрување на транспарентноста за климатски промени во рамките на Договорот од Париз (CBIT проект)” на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), кој се спроведува во соработката со Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) и Глобалниот фонд за животна средина (GEF).
Целта на работилницата беше да се зајакнат комуникациските вештини на учесниците, поврзани со проценка на влијанијата, спроведување анализа на ранливост и подготовка на известување за адаптацијата на климатските промени.
На работилницата присуствуваа околу 50тина претставници од јавните инстуции, претставници од МЖСПП, УНДП, МАНУ, ГЕФ, општини во РСМ и претставници на здруженија на граѓански оганизации кои работат во областа на животната средина.
Од страна на г-ѓа Теодора Обрадовиќ Грнчаровска, државен советник за климатски промени во МЖСПП и контакт лице за Рамковната конвенција на ОН за климатски промени, беше презентирана постоечката и планирана политика и стратешка рамка, инстиуционалните ангажмани на темата адаптација кон климатски промени, националниот напредок (вклучително и обврските за известување) и се што е постигнато во однос на обврските од UNFCC, 3та Национална Комуникација за климатски промени на РСМ и подготовката за 4тиот Извештај, како и локалните напори и примери за адаптација кон климатските промени.
Од страна на г-дин Столе Георгиев беше направен детален осврт на поимот клима, климатски промени и адаптација на климатските промени, што значат за нас климатските промени, какво е нивното влијание, ранливоста на климатските промени и сл. Во рамки на оваа презентација беа наведени и локални искуства, применети мерки за адаптација кои произлгоа од локалните стратегии за климатски промени за 12 општини во РСМ кои бие изработени во рамки на проект на ЗОР Милиеуконтакт Македонија.
Од страна на г-дин Даниел Јосифовски, претставник од канцеларијата на Заменик Претседател на Владата за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, во рамки на презентацијата за планирање за адаптација на климатските промени на национално ниво беа претставени можностите за искористување на Зелениот климатски фонд, потребата од адаптација и кои активности можат да се прикажат како адаптација. Исто така даде осврт и на процесот на изработка на Национален план за адаптација, како и очекуваните резултати од процесот.
Од страна на Д-р. Наташа Марковска од МАНУ, беше претставена Методологија за идентификување и приоритет на развојот на мерки/активности за адаптација на климатските промени. Методолгијата е направена врз основа на идентификување опции за адаптација, видови на активности за адаптација, ресурси за идентификување опции за адаптација, пристапи кон адаптација, опции за адаптација, оценување опции за адаптација и сл.
Целата обука е достапна на овој линк.
Повеќе обуки од областа на климатските промени се достапни на тренинг планот за 2021, додека минатите обуки можете да ги погледнете тука.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}