ЗАМЕНА НА ПЛАСТИЧНИТЕ ШИШИЊА СО АЛУМИНИУМСКИ ТЕРМОСИ

ЗАМЕНА НА ПЛАСТИЧНИТЕ ШИШИЊА СО АЛУМИНИУМСКИ ТЕРМОСИ



Ученичка компанија „АЛТЕР“ - СУГС „Владо Тасевски“ - Скопје Ученичка компанија „Алтер“ ја формиравме во месец септември 2018 година во нашето училиште СУГС „Владо Тасевски“ – Скопје, по објавениот натпревар организиран од МОН, UNICEF, ФИТР и UP SHIFT на тема решавање на одредени социјални проблеми и предизвици од нашата блиска околина (ментор проф. Весна Живаљевиќ, професор по предметот Бизнис). На овој натпревар понудивме конкретно решение а тоа е замена на пластичните шишиња со алуминиумски термоси врз основа на претходно воочениот проблем: преголемиот број на пластични шишиња фрлени во корпите за отпадоци. 

Ние како дел од ученичката компанија ги проучувавме последиците од големиот број на фрлени пластични шишиња и штетата која се нанесува на земјата и животната средина и со цел да понудиме конкретно решение на овој проблем спроведовме интервју во училиштето поставувајќи им ги на учениците следниве прашања: 

1. „Колку пластични шишиња со вода или сок купувате во текот на една недела?“ 

2. „Дали сте пресметале колку ве чини тоа месечно или годишно?“ 

3. „Дали сте размислувале за последиците од преголемата употреба на пластика?“ 

На првото прашање најголем дел од учениците одговорија дека просечно во текот на една недела купуваат 5 пластични шишиња со вода или сок. Пресметано во паричен износ секој од нив троши 300 денари месечно (5 шишиња x 4 недели x 15 ден. за едно шише) или 3600 денари годишно. Во поглед на последиците од преголемата употреба на пластика речиси ниту еден ученик не размислувал за тоа каде завршува овој пластичен отпад. На ниво на цело училиште во кое имаме 800 ученици пресметавме дека на годишно ниво во корпите за отпадоци се фрлаат 2 880 000 денари за пластични шишиња (800 ученици x 3 600 денари) или 46 500 евра, поконкретно 192 000 пластични шишиња завршуваат како пластичен отпад во корпите за отпадоци секоја година. Предизвикот кој си го поставивме пред себе е да го намалиме или целосно да го отстраниме користењето на пластичните шишиња, кои средношколците и основците постојано ги купуваат за време на големиот и малиот одмор. Започнавме со реализација на нашата идеја преку воведување на еден нов моден тренд кај младите носење на алуминиумски термос со вода или сок. 


Преку наградата која ја освоивме од UP SHIFT програмата (https://www.upshiftmk.org) ја купивме првата количина алуминиумски термоси на кои залепивме пораки со следниве содржини: - Спаси ја природата користи термос за водата, - Дај пластичен кош не биди за природата лош, - Смени ја модата користи термос за водата и - Наполни го термосот Full и биди Cool, при што со секој купен термос на учениците им понудивме и гратис маица со истите еколошки пораки. До овој момент УК „АЛТЕР“ има продадено повеќе од 120 алуминиумски термоси и маици со еколошки пораки и има остварено успешна промоција како во своето, така и во други училишта, факултети, трговски центри, телевизиски емисии. Презентирајќи ја својата еколошка идеја оваа ученичка компанија учествуваше на бројни натпревари организирани од Junior achievement Macedonia (https://www.facebook.com/JuniorAchievementMacedonia) , Младинската Асоцијација на Средни Стручни Училишта на РМ (http://massum.org/mk) постигнувајќи ги следните успеси: • Трето место на националниот натпревар за најдобра ученичка компанија одржан на 10 мај 2019 година организиран од USAID и JA Macedonia и • Трето место во категоријата „Најдобра видео реклама“ на натпреварот за сите средни стручни училишта организиран од асоцијацијата МАССУМ, одржан на 25.04.2020 година. 

Целта која си ја поставивме пред себе е: „Постигнување на поголема свест за проблемите со човековата околина кај младите и создавање на здрава животна средина без пластичен отпад“.

Ученичка компанија „Алтер“

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close