Започна истражувањето за родот и климатските промени преку лични приказни и искуства



УНДП во соработка со Министерството за труд и социјална политика во изминатиот период активно работеше на создавање инструмент кој ќе овозможи да се осознае перцепцијата на мажите и жените по однос на климатските промени.

Следејќи ја тригодишната пилот иницијатива на Глобалната програма за поддршка (ГСП) за поддршка на интеграција на родовата еднаквост во климатското известување во земјите од Западен Балкан и Либан, Република Северна Македонија го подготви и спроведе својот прв акциски план за родот и климатските промени. Беше преземен систематски пристап за воведување мерки и модели за зајакнување на институционалните капацитети за родот и климатските промени на повеќе нивоа.

За да се поддржи процесот на интеграција на климатските промени во националните родови политики и обратно, воведувањето на родовата еднаквост во климатското известување, разбирањето на перцепцијата на мажите и жените по однос на климатските промени е од особено значење.

Па така, УНДП во соработка со Министерството за труд и социјална политика во изминатиот период активно работеше на создавање инструмент кој ќе овозможи да се осознае перцепцијата на луѓето од нашата држава по однос на климатските промени.


Иновативниот инструмент за истражување на микро-наративите е дизајниран да ги долови и искуствата од реалниот живот на луѓето, како и да собере стандардни демографски податоци. Прашалникот е составен од три дела, во првиот дел ја споделувате вашата приказна, во вториот ги обележувате со точка работите што влијаеле на таа иста случка и во третиот дел има неколку прашања кои што се одговараат со штиклирање на една или повеќе опции. Предмет на интерес на  креираниот прашалник не се процентите и мнозинството, ниту пак популарноста на одредени решенија, туку напротив, се бараат искуства и приказни кои ќе овозможат да се осознаат проблемите поврзани со родот и климатските промени кај луѓето. На овој начин, овој метод го дополнува традиционалниот консултативен метод со претставници и претставнички на здруженија, асоцијации и организации.

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close