Авторот на сценаријата и извештајот за климатските екстреми во Република Северна Македонија, д-р Владимир Ѓурѓевиќ, вонреден професор по Метеорологија на Факултетот по Физика, во Белградскиот универзитет, одржаа дводневна обука за вработените на македонската Управа за хидрометеоролошки работи. Обуката се одржа онлајн на 6-ти и 9-ти октомври 2020 година, во рамките на пројектот Четврт национален план и Трет двогодишен извештај за климатски промени.
Обуката главно се фокусираше на идентификување на алатките и давателите на глобални податоци поврзани со животната средина; загадување на воздухот, море/води, земја, намалување на ризик од катастрофи, итни случаи, а особено за климата. Европските и глобалните даватели на податоци беа презентирани со главен фокус на Copernicus Climate Data Store, која е платформа од каде што може да се преземат проекциите за климата и сезонските прогнози. Овие податоци се добиваат од сателити и системи за мерење базирани во земја, воздух и море, и се корисни за наоѓање податоци за климатски сценарија за одреден временски период засновани на одреден регион.
д-р Ѓурѓевиќ, ги презентираше начините за користење на оваа услуга за даватели на податоци и потребните софтверски пакети за преземање на климатските проекции и податоците за сезонска прогноза. Тој, исто така, особено се фокусираше на начините како се обработуваат податоците и да ги направат оперативни, како и на нивната визуелизација. Тој истакна дека еден од главните предизвици во текот на целиот процес е бројот на модели, т.е. кога бројни модели се множат, што резултира во голема величина на податоците и компликација во нивната обработка.
Оваа обука беше неопходна и корисна за вработените на нашата национална Управа за хидрометеоролошки работи, кои беа заинтересирани во овие алатки и даватели на податоци кои ќе им овозможат и ќе им помогнат во подготовка на извештаи, развој на анализи на екстремните климатски индекси и сезонски прогнози.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}