Треба да го промениме нашиот начин на живот, нашиот однос со природата, како ги користиме почвата, водата, животната средина... инаку следниот пат проблемите ќе бидат уште пострашни
Луѓето сакаат да слушаат приказни од тие што ги знаат, кога ќе видат дека нивниот сосед или пријател презел нешто што функционира и тоа создава инспирација за и тие да се покренат и преземат #КлиматскаАкција. Бидејќи луѓето се дома, почесто го посетуваат виртуелниот простор. Исто така, има зголемен број на посети и на националната платформа klimatskipromeni.mk. Сега има можност за дејствување. 2020 е клучна за Договорот од Париз, вели Нарине Сахакјан постојан претставник на УНДП во Северна Македонија.
Разговараше: Христијан Станоевиќ - ЕПИ ЦЕНТАР
КлиматскиПромениМК: Парискиот договор постави цели за намалување на емисиите речиси на половина и јасно посочува дека можноста за реагирање драстично се намалува, односно имаме уште десетина година да го спасиме светот. Круцијалниот период кој престои мора да биде посветен на декада на акција.
Сахакјан: Дозволете ми да се навратам на 2015 година во Њујорк кога светските лидери се собраа и ги усвоија Целите за одржлив развој како заедничка визија како да се спаси планетата, како да се обезбеди мир во светот и како да се елиминира сиромаштијата. Тогаш мислевме дека имаме доволно време за оваа амбициозна визија, но сега, кога имаме само уште 10 години, сфативме дека ако продолжиме со оваа брзина и опфат нема да успееме да ги оствариме нашите амбициозни заложби. Затоа, минатиот септември Генералниот секретар на ОН упати повик до целиот свет, до сите земји, до сите делови од општеството за Декада на #КлиматскаАкција. Таа акција треба да се преземе на сите нивоа глобално, на ниво на држави и на ниво на поединци.
КлиматскиПромениМК: Како УНДП ја поддржува климатската акција во Македонија?
Сахакјан: УНДП работи со Министерството за животна средина и просторно планирање и други чинители за да утврди кои се најдобрите опции за земјата. Ќе се изненадите дека резултатите се многу амбициозни и многу импресивни. Возможно е до 2040 година да се намалат емисиите на стакленички гасови за 82%, споредено со 1990. Можам да ја замислам вашата реакција, би прашале: Дали е тоа реално?. Тука сакам да потврдам дека да, возможно е, но потребна е посветеност од сите делови на општеството.
КлиматскиПромениМК: Македонските граѓани го препознаваат УНДП како клучен играч кога се прашање информациите за климатските промети. Кажете ни нешто повеќе за поддршката на кампањата „Климата се менува, зошто не и ти“?
Сахакјан: УНДП работи со Министерството и други чинители повеќе од 20 години кога се во прашање стратешки документи и политики од областа на климатските промени. Пред неколку години го поддржавме Министерството во подготовка на Стратегија за комуникација на климатските промени како и развој на националната платформа за климатски промени www.klimatskipromeni.mk. Оваа платформа постои за споделување на знаење и подигнување на свеста во општеството и пошироката јавност. Луѓето сакаат да слушаат приказни од тие што ги знаат, кога ќе видат дека нивниот сосед или пријател презел нешто што функционира и тоа создава инспирација за и тие да се покренат и преземат #КлиматскаАкција. На платформата собравме многу приказни и за да ги ангажираме младите објавивме натпреварот за постери поврзани со климатски промени. Добивме многу постери со инспиративни логоа и пораки. Победи млада девојка од Штип. Импресивно е кога младината има инспирација да го промени светот. Таа не е сама, ако ја посетите платформата klimatskipromeni.mk и ги прочитате климатските акции, ќе видите дека во Северна Македонија има многу климатски шампиони. Затоа ве замолувам да ја посетите националната платформа за климатски промени, прочитајте ги приказните и ќе најдете инспирација за вашата климатска акција. Би сакала да му се заблагодарам на Министерството и нивниот оддел за комуникација за одличната соработка со нас.
КлиматскиПромениМК: Како пандемијата со КОВИД-19 се одрази на климатските акции и имплементацијата на самата кампања?
Сахакјан: Забележавме дека бидејќи луѓето се дома, почесто го посетуваат виртуелниот простор. Исто така, има зголемен број на посети и на националната платформа за климатски промени. Сега има можност за дејствување. 2020 е клучна за Договорот од Париз. Сите чинители треба да се усогласат да преземат храбри климатски акции. Би сакала да ја споменам и глобалната понуда на УНДП која исто така важи и на локално ниво. Нашата првичната реакција беше дека КОВИД-19 го промени нашиот живот и затоа мораме веднаш да реагираме на пандемијата. Но после неколку месеци, веќе размислуваме за заздравувањето. Неодамна УНДП на корпоративно ниво најави нова понуда за начинот на заздравување. Најважно е дека е заздравувањето треба да ги земе во предвид луѓето, да биде дигитално и во врска со нашиот денешен разговор - да биде “зелено”. Треба да го промениме нашиот начин на живот, нашиот однос со природата, како ги користиме почвата, водата, животната средина... инаку следниот пат проблемите ќе бидат уште пострашни.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}