Трибенкс е едноставен но моќен концепт кој ја користи помошта од луѓето за да засади дрвја. Едноставно е! Вие си резервирате патување, а ние бесплатно засадуваме едно дрво. За секоја резервација кај нашите партнери, ние добиваме провизија со која засадуваме дрво. Само треба да изберете некој од партнерите (со бирање на логото) и да направите резервација. Веќе сме партнери со booking.com, kiwi.com, agoda.com. Ова е едноставен концепт со кој можете да влијаете врз високите нивоа на CO2 во атмосферата.
Нашата цел е да засадиме милион дрвја, да го документираме целиот процес и да креираме рамка која може да се применува на различни локации. Секоја година ќе има по две акции за садење, една на пролет и една во зима. Со ова ја максимизираме стапката на успех на засадувањето. Првата група фиданки ќе почнеме да ги подготвуваме во јануари 2019 година за да се подготвени за садење во пролет. Во меѓувреме пренесете им на пријателите за нашиот концепт и не нè заборавајте следниот пат кога ќе резервирате патување.
Вие резервирајте патување, а ние ќе засадиме едно дрво бесплатно.
На следниот линк е интервјуто за Радио МОФ: Иницијатива Трибенкс - со секое патување засадувате дрво и ги намалувате емисиите на CO2
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}