Главните последици од климатските промени поврзани со водните ресурси се зголемување на температурата, промените во врнежите од дожд и снежните покривки како и зголемување на зачестеноста на појавата на суши и поплави. Тоа ќе доведе до загадување на подземните извори кои се користат за водоснабдување на населението но и намалување на нивниот капацитет, вели Крстевска во интервјуто за klimatskipromeni.mk
Евгенија Крстевска од Прилеп е планинарка, адвокатка и докторанд на меѓународни односи и менаџирање на конфликти при Филозофскиот факултет во Скопје. Љубител на природата и авантурист во душата. Дел од група на млади ентузијасти Water4changes и Глобал Шејперс Хаб Скопје. Зборува за важноста на водата како основно човеково право, последиците од климатските промени поврзани со водните ресурси и иницијативите што се спроведуваа за едукација на населението на овие теми. Таа е залага секој дом во нашата држава да има пристап до чиста и безбедна вода за пиење и санитарни услови. Така се родила и идејата за “ Вода за промени” затоа што овој природен ресурс, не само што е неопходен за живот, туку со разумно раководење со истиот може да дојде до обликување и трансформација на секој аспект од општественото живеење.
Адекватниот пристап до вода и санитација значи подобри услови во домовите, добро здравје на граѓаните, соодветни услови во училиштата и на работните места, здрава животна средина и безбедна храна. Доколку државата не го гарантира ова право, доаѓа до повреда на основните човекови права и добротелот на едно општество е загрозен.
линк до целото интервју https://klimatskipromeni.mk/article/421#/index/main
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}