Александар Бузалков од јавното комунално претпријатие Дервен од Велес, тврди дека управувањето со отпад во нашата држава согласно ЕУ стандардите е на самиот почеток. Тоа значи дека сите закони, стратегии, планови и програми се донесени, но нивната практична примена изостанува. Државата се определи за регионален пристап во управувањето со отпад, на ниво на плански региони. Во таа насока регионите се движат со различна динамика па затоа е различно и нивото до кое се стигнати. Сите региони имаат донесено стратешки документи (Студии и Планови за управување со отпад), дефинирани локации за регионални депонии, cost-benefit анализи. Изработени се и основни проекти и тендерски документации за затварање и рехабилитација на општинските нестандардни депонии и за изградба на избраните инсталации за третман и отстранување на отпад, како и технички спецификации за набавка на опрема за собирање и транспорт на отпад.
Се работи за инвестиции од повеќе десетици милиони евра, а овие средства најверојатно ќе се бараат преку ЕУ фондовите или преку јавно-приватно партнерство.
линк до целото интервју https://klimatskipromeni.mk/article/484#/index/main
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}