Локалниот еколошки активизам е многу важен за спречување на сите негативни влијанија врз животната средина, а со тоа и поголема вклученост на граѓаните во намалување на последиците од климатските промени.
Арианит Џафери од Еко Герила појаснува дека локалните иницијативи се многу важни кога станува збор за откривање проблеми, биле тие диви депонии, загадувачи, дрвосеча, проблеми со комуналниот отпад, со фрлање на шут насекаде, поради тоа што Еко Герила добива повеќе такви пријави од граѓаните отколку што добиваат надлежните инспекторати (општинскиот или државниот). Повеќето од граѓаните не знаат дека постојат инспекторати, и не знаат како да ги контактираат. И во случај кога некој ги контактира директно, тие речиси никогаш не реагираат соодветно, или пак воопштo не реагираат.
линк до целото интервју https://klimatskipromeni.mk/article/497#/index/main
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}