Предизвиците со справување со климатските промени и напорите за заштита на животната средина мора да се надминат и на локално ниво, за што клучна улога имаат општините.
Градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велковски, појаснува дека пречистителната станица за отпадни води околу десетина години е надвор од функција поради проблеми со одржувањето на истата во изминатата декада. Во моментов реконструкцијата е завршена и се очекува во наредните неколку недели да почне со работа. Инвестицијата е околу 162.000 евра и средствата се добиени преку програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција. Со ставањето во функција на ПСОВ, ќе се добие примарно и секундарно третирање на отпадните води од домаќинствата од град Свети Николе и ќе се спречи нивно директно излевање во река како што е во моментот.
линк до целото интервју
https://klimatskipromeni.mk/article/498#/index/main
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}