Можности за унапредување на климатски акции со EU LIFE финансирање
Можности за аплицирање на отворените повици за EU LIFE за финанска поддршка на климатски акции
EU LIFE2020 ги продолжува повиците на конкурсите за програмата за финансирање на климатски акции како и акции во областа на животната средина годинава. На својата страна тие напишаа:
"За време на пандемијата COVID-19, нашите животи значително се променија. Властите донесоа стратегии за ублажување на кризата, како што е физичкото дистанцирање. Исто како и нас, многумина од вас работат од дома. Свесни сме дека овие мерки може да влијаат на вашите животи. Ве молиме, направете сè што можете за да се заштитите себеси и вашите семејства и избегнувајте преземање на непотребни ризици.
Ние разбираме дека за многумина од вас ќе биде предизвик да учествувате во овој повик за предлози за акции. Затоа, решивме веднаш да воведеме бројни мерки за да го намалиме влијанието на ограничувањата со кои сите треба да живееме. Меѓу различните мерки, ќе забележите дека некои се однесуваат на процесот на поднесување, додека други отвораат нови можности во однос на дизајнот на проектот."
Согласно правилата, заинтересираните организации и ентитети од Северна Македонија може да аплицираат само како партнер-организации. Предлог-проектите може да спаѓаат под некоја од под-акциите подолу. Повеќе информации околу процесот и правилата на аплицирање може да најдете на следниот линк: