Challenger – македонска апликација која ќе ви помогне да бидете општествено одговорни
Challenger е мобилна апликација која ги мотивира луѓето (нејзините корисници), да ги остават своите автомобили, а наместо тоа да се движат повеќе пешки или со велосипед. Главната цел позади овој стартап е да влијае на создавањето на одржливи навики кај граѓаните, со цел да се намали аерозагадувањето во нашата држава.
Challenger апликацијата ги мери поминатите „зелени“ километри, и со секој поминат километар се собираат Challenger поени кои може да се разменат за попуст на производ/услуга во локален бизнис кој е присутен во Challenger продавницата. Дополнително, со изминатите зелени километри корисникот се рангира на Leadership board, односно се натпреварува со сите корисници. Challenger ги промовира суперекохероите во нашето општество, а со тоа ги инспирира и останатите сограѓани.
Со Challenger корисниците може да се приклучат на одреден предизвик, а со секој исполнет предизвик се добива директна награда од бизнисот кој го спонзорирал истиот. Challenger им помага на луѓето преку визуализација на намалени CO2 eмисии, да согледаат како секоја мала активност (како пешачење, возење велосипед) го подобрува општеството. Нашата цел е со оваа апликација да создадеме група на луѓе и бизниси кои меѓусебно се поддржуваат, инспирираат и натпреваруваат со цел да станат општествено одговорни.
Challenger е новиот зелен маркетинг канал за компаниите, преку кој можат да придонесат за намалување на аерозагадувањето со тоа што ќе ги наградат своите граѓани, а со тоа ќе бидат препознаени како општествено одговорен бизнис.
Во затворената тест фаза на апликацијата Challenger, која вклучуваше само 250 корисници и 15 бизниси ги постигнавме следниве резултати:
- 60.289 km поминати зелени километри (од кои 26,241 со велосипед, а 34,048 пеш)
- 15.000 кг заштедени CO2 eмисии
- 75+ доделени награди и купони за попуст
За краток период со мала заедница успеавме да постигнеме импресивни резултати. Овие резултати не’ мотивираат да продолжиме со градењето на нашата приказна, бидејќи колку поголема заедница (корисници и бизниси), толку повеќе ќе го намалиме нивото на CO2 eмисии во воздухот. Нашиот тим е исто така вклучен во намалувањето на carbon-footprint, со тоа што активно се движиме пешки и на точак.
Сакаме да постигнеме максимална вклученост на луѓето кон трендот на одговорно однесување, и да бидеме мотивација на луѓето да прават добро, без притоа да се прашуваат ‘Зошто го правам ова? Challenger ќе биде лансирана на пазарот по завршување на вонредната криза. Очекувајте не’, доаѓаме наскоро.
Време е да ја вклучиме човечката моќ (Human Power ON) и да делуваме на климатските промени.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}