Фотоволтаиците дефинитивно се исплатливи, еднаш поставени даваат принос во наредните 20-30 години

Фотоволтаиците дефинитивно се исплатливи, еднаш поставени даваат принос во наредните 20-30 години



Фотоволтаиците дефинитивно имаат економска исплатливост, посебно со оглед на тоа што ние ги користиме заради пумпање на водата, а водата ни е потребна во летниот период, односно од мај до септември кога имаме практично и најголема сончева изолација.

Меѓутоа, можеме да ги користиме и во текот на другите месеци за одржување на коморите, односно за одржување на температура во коморите каде што ги држиме производите. Еднаш поставени имаат вредност да траат и да даваат придонес и наредните 20, 30 години. Значи, тоа е нешто што дефинитивно се исплати да се направи.

Во иднина мораме да размислуваме за решавање на проблемот со водоснабдувањето. Еден од начините кој досега го користевме а тоа е наводнување по каналите треба да почнеме да го заменуваме со наводнување од бушотини коишто од друга страна ќе доведат до поскапена експлоатација на изворите, односно пумпените извори.

Ова значи дека треба да го продолжиме концептот којшто го почнавме со UNDP и понатаму да продолжиме со користење на обновливи извори на енергија, од типот на фотоволтаици и бушотини и пумпи коишто ќе бидат напојувани од овие фотоволтаици.

Од една страна и да го сочуваме делот на екологијата, односно еколошкото искористување на енергијата, а од друга страна и да обезбедиме доволни количини на вода за потребите на растенијата. Тоа е еден од приоритетите.

Агролозар АД Струмица

Агролозар АД Струмица

Земјоделски комбинат

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close