Токму влијанието од поединци во домот, на работното место, во друштвото и насекаде каде е возможно, ќе им покаже на многумина кои можеби сакале да преземат акции, но не знаеле како, да дознаат што може тие на поединечно ниво да направат
Бојана Јарчевска, младински активист од Youth Aliance, која доаѓа од Скопје како што вели најзагадениот град, упатува моќни пораки за заштита на животната средина.
„При пазарење секогаш користам платнени торби наместо пластични кеси и се трудам производите кои ги купувам да бидат со стаклена или хартиена амбалажа наместо пластична. Пластиката ја рециклирам, а на стаклото да му најдам соодветна намена. Користам култи-фри производи, односно на тие брендови кои не ги тестираат производите на животни, кои што ги пакуваат производите во рециклирана хартија. Не конзумирам производи од животинско потекло бидејќи ги сакам животните. Фармите и месната индустрија сметам дека се едни од најголемите загадувачи на нашата средина“ вели Јарчевска за klimatskipromeni.mk.
Бојана досега учествувала во повеќе акции за собирање на отпад, и секогаш кога е во природа го собира ѓубрето кое било оставено претходно.
Таа постојано се обидува да влијае на луѓето од нејзината околина да преземат мерки со кои ќе ја заштита животната средина.
Токму влијанието од поединци во домот, на работното место, во друштвото и насекаде каде е возможно, ќе им покаже на многумина кои можеби сакале да преземат акции, но не знаеле како, да дознаат што може тие на поединечно ниво да направат за поздрава, почиста и побезбедна животна средина, а со тоа да се намалат и ефектите од климатските промени на глобално ниво.
Младите подготвени за #КлиматскаАкција. Што може вие да преземете?
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}