Кои апликации на НАСА ќе ви помогнат со климатските промени?



Мобилните апликации на НАСА нудат одлични информации поврзани со климатските промени, може да ви помогнат да се едуцирате, но и да се забавувате. Прочитајте како да ги инсталирате.

Вселенската агенција НАСА дел од активностите ги посветува и на штетните и катастрофални последици предизвикани од климатските промени. Затоа тимот на НАСА преку својата веб платформа нуди две едукативни и забавни мобилни апликации кои може да ви бидат интересни или од корист.

Првата е мобилната апликација Earth Now која како главен фокус го има ширењето на информации за климатските промени, и е од голема полза за ученици, студенти, наставници и професори, но и научници.

На апликацијата Earth Now ќе може да ги погледнете најновите информации прикачени преку сателитите Earth Science, а дел од податоците се прикажани и во 3D. 

Earth Now може да се преземе од App Store на следниот линк или пак за уред на Android платформата на следниот линк.


Втората препорака во изработка на НАСА е едукативната игра Offset каде главната задача е да го забавите засилувањето на климатските промени преку контрола на нафтените ресурси. Во текот на играта исто така е овозможена едукација за теми како Глобалниот јаглероден циклус, потоа за изворите на загадување, но и какви може да бидат позитивните ефекти од примена на обновливи извори на енергија и пошумување.

Играта Offset може бесплатно да ја преземете за iPhone.  

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close