Друштвената игра „Еко маало“ која е единствена од ваков вид за едукација за енергетската ефикасност ќе се префрли и на дигиталните платформи за паметно искористување на времето поминато на смарт уредите
Здружението на граѓани за заштита и унапредување на животната средина Еко Логик најави дека наскоро ќе биде лансирана нова дигитална верзија на играта „Еко маало“ која меѓу младите треба да предизвика интерес за активности за сочувување на природата и преземање на акции.
„Знаевте ли дека истовремено може да научите многу нови работи и да се забавувате? Тоа може да го правите во нашето Еко Маало, кое ќе ве научи на многу нови работи на еден навистина интересен и забавен начин. Веќе поставената игра, која е првата едукативна друштвена игра за енергетска ефикасност во нашата држава, ја прилагодивме за да ви овозможиме да ја играте и дигитално! Да, драги наши. Од сега, Еко Маало ќе биде присутна и во вашето секојдневие, на вашите телефони и компјутери. Времето потрошено на вашите уреди, може да биде квалитетно“ велат од Еко Логик.
Пред играта да биде пуштена во употреба ќе следи и фаза на тестирање, а истото може да го направат сите заинтересирани корисници на следниот линк.
Еко Логик досега презеде повеќе иницијативи за справување со климатските промени, а за истите може да се информирате и преку нашата веб страница со написите Училиште за одржлив развој и Smile and Play.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}