Изненади креативноста со која младите одговорија на повикот за #КлиматскаАкција



На предизвикот кои им го упативме на младите со распишување на конкурсот #ДизајнирајИнспирирај, тие одговорија со голем интерес. До нас пристигнаа 36 дизајнерски решенија за постер преку кои младите, со висок степен на креативност упатија одлични пораки повикувајќи на #КлиматскаАкција.

Младите, на кои останува иднината и од кои ќе се родат новите лидери покажаа голема свесност за потребата од делување и преземање на климатска акција. На предизвикот кои им го упативме со распишување на конкурсот #ДизајнирајИнспирирај, тие одговорија со голем интерес. До нас пристигнаа 36 дизајнерски решенија за постер преку кои младите, со висок степен на креативност упатија одлични пораки повикувајќи на #КлиматскаАкција.

Нивниот потег покажува дека се свесни и подготвени да се вклучат во активности поврзани со зголемување на свеста за преземање на #КлиматскаАкција со цел да се ублажат последиците од климатските промени кои всушност во иднина тие и најмногу ќе ги чувствуват. 



Најмногу лајкови на натпреварот кој се одвиваше преку Фејсбук страната на klimatskipromeni.mk освои Андреа Колева. Таа доаѓа од Штип, а учи во средното училиште НОВА. Нејзиниот постер со корнет кој се топи многу сликовито испраќа порака дека времето за преземање климатска акција истекува, а планетата се „топи“.


Одлични реакции, споделувања и коментари имаше и за постерот на Јованка Атанасовска од Скопје која е студент на Акадамијата за дизајн на Брејнстер. Во разговорот со klimatskipromeni.mk Јованка вели дека инспирацијата за нејзиниот постер ја добила од се поголемата и неконтролирана сеча на дрва со што се уништуваат шумите, белите дробови на планетата, како и шумските пожари предизвикани од човечки фактор.


Трето рангирана по број на добиени лајкови беше и цртежот на младата Јулија Трајановска од Струмица која исто така оди во средно училиште. Андреа нацрта будилник кој треба да потсети дека време е да се „разбудиме“, да бидеме одговорни и да создадеме подобра иднина.

Покрај добитниците на симболичната, но многу корисна награда, упатуваме пофалби и до сите останати учесници чии дизајни, слики и постери со пораки се исто толку инспиративни и мотивирачки. За нас, тие се новите млади климатски херои, кои треба бидат пример на младата генерација. Продолжете да се информирате за тоа што може да преземете, а ние ќе се потрудиме да продолжиме со едукативните објави, да одговориме на сите ваши прашања, да ве наградуваме и заедно да изградиме платформа на која секој ќе може да пристапи и да даде свој придонес.

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close