ЕКО МАРКЕТИНГ МИКС ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА КОМПАНИИТЕ

ЕКО МАРКЕТИНГ МИКС ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА КОМПАНИИТЕ



Денешните генерации се сведоци на создавање на нов сегмент на одржлив развој: еколошки одговорни потрошувачи, но и производители.Маркетинг миксот на „зелените“ или еко производи се разликува од маркетинг-миксот на производите што не се еколошки или „кафени“, единствено со грижата кон животната средина и инкорпорирањето на информации што се корисни за околината.

Денешните генерации се сведоци на создавање на нов сегмент на одржлив развој: еколошки одговорни потрошувачи, но и производители. Тоа допринесе и маркетингот да се прилагодува на нив, создавајќи и обликувајќи нови активности кои ги нарекува еко маркетинг. Тој се разликува од маркетинг-миксот на производите што не се еколошки или „кафени“, единствено со грижата кон животната средина и инкорпорирањето на информации што се корисни за околината, и се фокусира на 4 аспекти: 

• еко производи/услуги со еко амбалажа, 

• еко цена, 

• еко дистрибуција и 

• еко комуникација. 

За да стане еко или „зелен“, маркетинг миксот треба да помине низ тежок процес почнувајќи од разбирање на карактеристиките на потрошувачите и нивното однесување за креирање на соодветен еко производ, до иницирање на еко суровина кај добавувачите, еко соодветна цена и правилна еко порака како една од најголемите тешкотии на професионалците во маркетингот. 

За успешен еко маркетинг микс, не е доволно да се има само производ направен од природни материјали, како и соодветно пакување изработено од рециклирани материјали. Треба да се создаде силен бренд со цел производите да имаат траен идентитет. Тоа треба да биде бренд што ќе го таргетира потрошувачот и ќе поттикне чувство на доверба, корисност, благосостојба и безбедност. Повеќе не е доволно да се користат епитетите како „пријателски“ или „еколошки“ производ. Добрата комуникација со потрошувачите треба да се сведува на пораки кои ќе бидат поврзани со одредена активност, како што се, на пример, активности за пошумување на планините во кои се вклучени поголемиот дел од граѓаните. 

Информирајте се детално на следниов линк: ЕКО МАРКЕТИНГ МИКС ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА КОМПАНИИТЕ.

д-р Душица Неделкоска

д-р Душица Неделкоска, надворешен експерт Проект: Алијанса на знаење во Еко–Иновативно Претприемништво за поттик на конкурентноста на МСП (МСекоМП)

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close