Неопходни се прилагодувања од сите, за што порационално користење на ресурсите. Но попатно мораме и да продолжиме да се едуцираме.
Нашата компанија прецизно ги следи регулативите на ЕУ при што во сите операции користиме заштитни средства кои се на зелена листа на ЕУ и во концентрации кои се дозволени во ЕУ. Истото се однесува и при користење на најразлични ѓубрива во производството. Сметаме дека преку почитување на овие прописи, успеваме да придонесеме кон генерално намалување на негативните влијанија од земјоделството врз животната средина. И ова е нешто што треба повеќе да се контролира во иднина и помасовно да се применува, за вистински да се почуствуваат придобивките.
Од аспект на зголемување на свесноста за „умно производство“ тука пред сѐ подразбираме користење на информатичка технологија и други современи системи за олеснување на работењето и ефикасно користење на ресурсите. Ние како компанија ја согледуваме потребата за имплементирање на овие технологии и поради тоа една од нашите идни стратешки цели е да почнеме со инвестиции во прецизно и во „умно“ земјоделство. Нема друг начин да ја зголемиме продуктивноста и да се доближиме до обемот на производството на други држави во Европа каде што земјоделството е во подем, а сепак во голема мера да се води сметка и за животната средина. Во спротивно никогаш не ќе можеме да ја постигнеме нивната продуктивност, а со тоа нема да може ниту да зборуваме за некаква конкурентност на пазарите, сѐ доколу не се прилагодиме на ова поле. Имаме успешни приказни кога современите производни модели можат да се прилагодат и на потребите во земјоделскиот сектор кај нас и сметаме дека наскоро и ние можеме да бидеме дел од таа успешна приказна. Но дефинитивно треба да се насочиме кон едукација и паметни инвестиции кои ќе вродат со плод.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}