Инвестиции во фотонапонска централа, електромобилност и управување со животната средината - основа на климатски акции на Прокредит

Инвестиции во фотонапонска централа, електромобилност и управување со животната средината - основа на климатски акции на Прокредит



ПроКредит Банка е компанија со сопствена стратегија за управување со животната средина и определба за поволни еколошки кредити за зголемување на електромобилноста и подобрување на енергетската ефикасност на домовите

ПроКредит Банка има имплементирано систем за управување со животна средина кој се темели на три типа активности. Пред се, како дел од нашата корпоративна култура, се интерните активности кои придонесуваат за намалување на негативното влијание кон животната средина. 

Тука може да ги напоменеме: изградба на сопствена фотонапонска централа за производство на чиста електрична енергија за покривање на дел од потребите за енергија во Централната Управа, инсталација на систем за греење и ладење со геотермални пумпи, селекција на отпад при секојдневното работење) и голем број на дополнителни акции за зголемување на свеста за чиста животна средина меѓу вработените. За истакнување е и фактот дека нашиот возен парк се состои од 60% електрични и хибридни возила или (9 електрични и 2 хибридни возила, кои секојдневно ги користиме за посета на нашите клиенти.

Покрај оваа мерка, со цел управување со ризикот од животна средина кај кредитирањето, секоја кредитна анализа за проектите кои ги финансираме вклучува и проценка на социјалниот ризик и ризикот кон окружувањето. Во рамки на оваа постапка може да се дефинираат и предлог мерки кои компаниите треба да ги имплементираат со цел намалување на негативното влијание кон животната средина. Дополнително, ПроКредит Банка има дефинирано листа на високо -ризични бизниси за општеството и животната средина со кои не започнува соработка.

Промоција на зеленото финансирање ја опфаќа понудата на ПроКредит Банка за кредити за електрични и хибридни возила, кредити за енергетско ефикасни инвестиции во домовите или бизнисите, кредити наменети за бизнисите за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија, мерки за заштита на животната средина и слично. Досега имаме исплатено преку 80 милиони евра за зелени кредити, кои се застапени со 15% во вкупното кредитно портфолио на банката.

Покрај горенаведените мерки кои досега активно ги спроведуваме во нашето работење, во текот на 2020 година ПроКредит Банка има планирано и дополнителни активности за намалување на последиците од климатските промени. Неколку од овие активности се: пошумување на голи предели, зголемување на дрва во градски поддрачја, едукација на најмладите за селекција, рециклирање на отпад и намалување на стакленички гасови, промоција на придобивките за електрични возила и енергетско ефикасни инвестиции во домовите и слично. 

На бизнис секторот му препорачуваме да ги следи нашите примери за електромобилност и сопствено производство на чиста енергија и да обрне внимание на тоа од каде набавува и како ги користи своите ресурси со цел да не придонесе за зголемување на климатските промени.

Прокредит Банка

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close