#СедиСиДома и започни го твојот филмски маратон
Дали сакате да бидете инспирирани како да дејствувате на климатските промени. За претстојниот празничен викенд што следи, ви подготвивме листа на одлични филмови кои можете да ги гледате заедно со целото ваше семејство. Затоа #СедиСиДома и започни го твојот филмски маратон.
An Inconvenient Truth (2006)
Документарен филм за климатските промени кои и се закануваат на планетата Земја – причинителите, ефектите, историјата и потенцијалните решенија до кои може да дојдеме. Филмот е прикажан преку презентација на Ал Гор преку предавање наменета за публиката низ целиот свет, и неколку интроспективни моменти. Крајот на филмот дава голем број на одлични совети за тоа како да го намалите вашиот јаглероден отпечаток и да се вклучите во климатското движење.
Ова е можеби еден од најгледаните анимирани филмови на сите времиња. Има и зошто. Еден робот кој е одговорен за чистење на отпадот со кој е натрупана Земјата, се сретнува со роботот Ева. Нивното познанство прераснува во њубов и заедно, тие тргнуваат на патување коешто ќе ја промени судбината на човештвото. Внимание – можно е и да пуштите некоја солза
The 11th hour
11-тиот час се смета за последен момент кога е можна промена. Поранешниот советски лидер Михаил Горбачов, теоретскиот физичар Стивен Хокинг и поранешниот директор на ЦИА Р. Џејмс Волси заедно со повеќе од 50 други научници, научници и водачи разговараат за проблемите со кои се соочува денешниот свет. Тие откриваат како човековите активности влијаат врз екосистемите на Земјата и што може да се стори за да се смени или забави штетата пред да биде предоцна за да се спаси планетата. Како наратор на филмот се јавува Леонардо Ди Каприо.
Dr. Seuss' The Lorax (2012)
Анимиран филм кој го прикажува дванаесетгодишниот Тед кој живее на место што е практично лишено од природа. Во неговиот град сè е вештачко, таму не растат ниту цвеќиња, ниту дрва. Заплетот започнува кога Тед се надева дека ќе го освои срцето на Одри, девојчето на неговите соништа, но за да го стори тоа, тој мора да го најде она што најмногу го посакува: дрвото Труфула. За да го добие тоа, Тед започнува да ја истражува приказната за Лоракс, и за тоа како алчноста придонесува за губење на природата.
Во овој анимиран филм, Зак Ефрон, Тејлор Свифт и Дени Де Вито ги позајмија своите гласови.
Chasing Ice (2012)
Документарен филм за фотограф на National Geographic, кој во реално време фаќа забрзани кадри на Арктикот за да се прикаже влијанието на климатските промени врз животната средина. Сликите се неверојатни, но и застрашувачки во исто време. Овој филм е едноставно еден од оние кои мора да ги погледнете доколку сте љубители на на природата или борци против климатските промени.
No Impact Man (2009)
На малку поекстремен начин, овој документарен филм ја раскажува приказната на авторот Колин Беаван, кој преминува на целосно „зелен“ начин на жицвеење, и притоа се откажува од сите удобности на модерното живеење - електрична енергија, транспорт на гас, испорачана храна и генерирање отпад во секојдневното живеење. Во драстичен напор да се спречи неговото влијание врз животната средина, овој документарен филм го прикажува едногодишниот проект кој Колин го презема заедно со својата сопругата и ќерката на Беван, и како во целиот процес ова семјество се зближува и почнува поинаку да функционира.
El Nevado
Ел Невадо е еден од шесте снежни врвови што се останати во Колумбија. Тој е извор на свежа вода за повеќе од 40 градови и села околу него, но што е најважно, тој е и знак за предупредување. Филмот го документира токму влијанието на глобалното затоплување врз топењето на оваа конкретна формација на снег. Ел Невадо е документарен проект чија цел е да инспирира акција за новите генерации кон околината, прифаќањето на реалноста и начини како младите да се соочат со климатските промени како проблем којшто можеме да го реши човечкиот вид.
http://elnevadomovie.com/
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}