Сподели иновативно решение за глобалните проблеми и доби награда за социјално претприемништво



Натпреварот за поддршка на претприемачки идеи меѓу младите трае до 29 април 2020

Наградата за социјално претприемништво е најголемиот Европски проект за младите луѓе и студентите на тема претприемништво. Проектот е основан и инициран од страна на Универзитетот за бизнис и економија во Виена и Impact Hub, а мисијата е да го промовира социјалното претприемништво меѓу младите луѓе и студентите. Натпреварот за поддршка на претприемачки идеи меѓу младите трае до 29 април 2020. Доколку имате идеја за решавање на значајни проблеми преку одржлива бизнис идеја пријавете се преку следниот линк.

Самиот проект е сочинет од три дела: едукативен дел, натпревар и наградување, како и инкубација на финалистите со цел понатаму да ја развива својата идеја. Едукативниот дел ќе се реализира во периодот до мај 2020, со организирањето на 3 така наречени хакатони во Скопје, Битола и Штип. Учесниците на хакатоните ќе имаат можност да ги спознаат основите на социјалното претприемништво, да ги развијат своите бизнис идеи од почеток, како и да ги доведат до фаза каде истите може да се имплементираат.

Покрај хакатоните, младите и студентите ќе имаат можност да учествуваат на објавениот конкурс за најдобри бизнис идеи со социјална содржина, кои имаат потенцијал да направат најголема општествена промена. Со помош на стручно жири, ќе бидат избрани три победнички идеи. Вкупниот фонд за наградите во Македонија изнесува 6.000 евра, учество на Европскиот Самит во Прага во ноември, менторство, инкубациски период и многу други можности.

На овој начин треба да се подигне свеста кај младите за социјалното претприемништво и да им се овозможи неопходната поддршка како тие би добиле можност да искусат како е да се биде социјален претприемач кој е во позиција директно да влијае на својата локална заедница.

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close