Здраво млади!
Сега повеќе од кога било важно е да останеме дома за нашето здравје и здравјето на сите околу нас! Да го претвориме предизвикот во можност, да се едуцираме за климатските промени.
#СедиСиДома и изработи постер за климатските промени, повикај на #КлиматскаАкција и стани еден од потенцијалните добитници на бесплатен онлајн курс за надоградба на твоите вештини и знаења.
ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА КОНКУРСОТ
Право на учество имаат сите млади лица на возраст до 30 години – или сите кои се чувстуваат така : )
Потребно е да се изработи минимум еден постер којшто ќе повика на #KлиматскаAкција. При тоа секој постер треба да го содржи соодветниот хаштаг и/или официјалниот слоган „Климата се менува, зошто не и ти“.
Сите креативни решенија треба да се испратат на нашата е-адреса klimatskipromenimk@gmail.com најдоцна до 23.04.2020 17:00 часот.
Сите пристигнати постери ќе бидат објавени на 24.04.2020 на нашата официјална
Фејсбук страна.
Правилата за гласање се едноставни – трите постери со најголем број на лајкови ќе бидат добитници на еден месец платено онлајн учење во износ од 50 УСД, за кој било избран курс од платформата
Coursera.
Секој постер којшто ќе земе учество во конкурсот, понатаму ќе стане потенцијален промотивен материјал за потребите на кампањата „Климата се менува, зошто не и ти“.
Не ја пропуштај можноста да се едуцираш со достапните програми на преку 200 светски реномирани универзитети. – Почни да ги разгледуваш уште од сега, се надеваме дека токму ти ќе станеш еден од среќните добитници!
И најважно, не ја пропуштај можноста да бидеш и ти дел од кампањата за намалување на климатските промени!
Дизајнирај и инспирирај! Да повикаме на #КлиматскаАкција
Да станеме #КлиматскиХерои
* Конкурсот е подготвен во рамките на тековните проекти за климатски промени кои Министерството за животна средина и просторно планирање ги спроведува со техничка и финансиска поддршка на UNDP и GEF