ДНЕВНИК НА НАШ ИСТРАЖУВАЧ ОД КАРАНТИН ВО БАРСЕЛОНА

Илија Саздовски

ДНЕВНИК НА НАШ ИСТРАЖУВАЧ ОД КАРАНТИН ВО БАРСЕЛОНА

Илија Саздовски


Дневникот на Илија започнува три дена пред хаосот во Шпанија а завршува кога почнува рутинскиот „Groundhog Day“. „Додека ги правиме „романтичните“ прошетки меѓу влезната врата и балконот, или кога одиме на „егзотично“ патување до продавница, можеме да размислиме за многу работи...“

Среда, 11 март, (три дена пред хаосот)

После работа, отидов на шпански јазик, италијанските колеги беа многу вознемирени. Веројатно Италија е калакурница, си помислив. Потоа отидов да гледам Лига шампиони во паб. Драгана (мојата партнерка) збесна на мене бидејќи сум решил таму да гледам фудбал. Не ми е јасно зошто?

Четврток, 12 март (два ден пред хаосот)

Додека бев на работа, ми се јави пријател, ми вика дека акциите му паднале и изгубил огромна сума пари. Што се случува со светов?

Петок, 13 март (еден ден пред хаосот)

Се чувствува напнатост во воздухот и по ходниците на Универзитетот.  Ректорите закажаа состанок, можеби предавањата ќе бидат откажани. Не разбирам зошто, сè ми изгледа нормално....​Ми стигнува меил околу 5 попладне, дека ќе треба да се работи од дома. Универзитетот се затвора, сите мои материјали и компјутерот ми се таму...

Сабота, 14 март (Денот Д)

Владата прогласува карантин кој ќе почне од полноќ. Драгана инсистира уште одма да останеме дома. Отидов да купам некоја храна, сите купуваат тони тоалетна хартија, како со неа да се лечи ковид-19. Се надевам дека универзитетот ќе отвори во понеделник.

Недела, 15 мaрт (втор ден во карантин)

Досадно!!! Нема што да се прави, ги немам материјалите, не можам да работам. Никогаш не најдов време да си ги средам плочите. Ете, дојде денот и за тоа.

Понеделник, 16 март (трети ден во карантин - проверка на реалноста)

Отидов до работа, ги земав компјутерот и материјалите. Сè изгледа морничаво, нема многу луѓе на улиците, повеќето од нив носат маски. Не можам да го препознаам градот кој личи на Припјат во 1986. Пола ден ми помина додека се организирам.

Среда, 18 мaрт (петти ден во карантин)

Ден петти и почнува рутина. Сè ми е прилагодено да работам од дома. Веќе го имавме првиот групен состанок онлајн. Господ да ги благослови технолошките напредоци во кои локацијата не значи баш многу. Мора да почнам и со некои физички активности.

Четврток, 19 мaрт - и трае

Поради репетитивност на активностите, дневникот запира тука. 


Епилог

Сега сите се чудиме како е ова можно. Просто е, човештвото ги измести границите на природата, со години стеснувајќи го светот на животните и конечно од таму се најде нешто што нè убива. Нашата најодвратна особина е што секогаш бараме „повеќе“. Целиот економски модел се базира на „постојан пораст“. Неограничени економски таргети во свет со ограничени ресурси. Терминот „одржлив раст“ постои уште од 80-тите и уште тогаш ни беше јасно дека мора малку да забавиме. Оттогаш, „одржливоста“  стана омилен збор на многумина, особено на политичари. Сега сè е одржливо; одржлив раст, одржлив развој, одржлив туризам, одржливо земјоделство... Но, дали ние сме одржливи?

Никој не знае како ќе изгледа светот кога ова ќе заврши, но една работа е сигурна: нешто мораме да смениме и да се надеваме дека ќе научиме нешто од ова бидејќи светот сега почнува да личи на епизода на „Зона на самракот“ (за помладите генерации “Black Mirror”). Досега не научивме бидејќи ова е најмалку четврти пат сличен вирус да го напаѓа човекот во последниве 10 години. Можеме ли да очекуваме и друг? Нормално!

Додека ги правиме „романтичните“ прошетки меѓу влезната врата и балконот, или додека одиме на „егзотични“ патувања до продавница, треба да размислиме како да го трансформираме нашето општество. Сега имаме време, пресечени во нашата потреба постојано да бидеме зафатени со нешто. Можеме барем да научиме како да бидеме подготвени за идни „социјални експерименти.“ Барем колку мене. Јас си ја средив колекцијата на плочи.

истражувач на катедра на УНЕСКО за животен циклус и климатски промени во Барселона

Извор :

ESCI UPF - News

Илија Саздовски

Илија Саздовски Истражувач на катедра на УНЕСКО за животен циклус и климатски промени во Барселона

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close