Учете онлајн за одржливост и бидете дел од Светската онлајн климатска конференција



Новата ситуација бара нови начини на функционирање. Таков е случајот со Онлајн Климатската конференција која ќе трае до 30 март. Доколку сте заинтересирани, регистрирајте се и следете ги различните панели и вебинари

Додека трае кризата со ширењето на заразата со корона вирусот и глобалните препораки за самоизолација откажани се голем број на конференции и семинари. Сепак, преку дигиталните канали се одржува Светската онлајн климатска конференција, на која може да учествувате и вие, да се едуцирате, да стекнете нови знаење и да дадете сопствен придонес во борбата со последиците од климатските промени.


„Во согласност со целите на ООН за одржлив развој, особено целта #4 која има за цел да обезбеди инклузивно и квалитетно образование за сите и да промовира доживотно учење, Центарот за истражување и размена на Универзитетот на Хамбург за применети науки и трансфер центарот за „Одржливост и управување со влијанието на климата“ (FTZ-NK) активно промовира Образование за одржливост. Промовирањето на одржливи практики и нудење пристап до најсовремени знаења ќе биде карактеристика на онлајн-проектите развиени од нашиот тим во соработка со меѓународни партнери. Во оваа насока, ФТЗ-НК ќе спроведе отворен пристап и ќе користи отворени образовни ресурси секогаш кога е возможно“ се вели во објавата на FTZ-NK.


Интернет-курсевите што се нудат на оваа платформа се однесуваат на хроничните проблеми со човечките капацитети што го ограничува побрзото внесување на знаење за одржливост и сродни вештини во многу делови на светот. Преку ова, ќе се настојува да се поттикнат меѓународните заедници за учење и активно да се придонесува за поддршка на меѓународни партнерства со повеќе засегнати страни.

За да учествувате треба да креирате корисничка сметка пред да се регистрирате за онлајн курс на следниот линк

Онлајн климатската конференција ќе трае до 30 март.

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close