Може ли Северна Македонија да биде првата успешна приказна на Западен Балкан без јаглен?

Може ли Северна Македонија да биде првата успешна приказна на Западен Балкан без јаглен?



Светот има долга и сложена историја со јагленот. Јагленот се формирал пред милиони години кога остатоците од дрвјата, растенијата и другите видови на вегетација се акумулирале во мочуриштата долж рабовите на реките. Со текот на времето, мртвиот материјал се нашол под слоевите на земјата каде преку притисок и топлина се претворил во јаглен. „Длабоката, богата вена од јаглен мине низ човековата историја“ во срцето на индустриската револуција и овозможи голем технолошки напредок. Исто така, јагленот е предмет на многу полемики и дебати уште од 1306-та година, кога некои членови на британскиот парламент повикале на негова целосна забрана, откако било откриено дека јагленот е одговорен за екстремно високи нивоа на загадување во воздухот. Доколку таа иницијатива успеала, денес ќе живеевме во поинаков свет.

40% од енергијата на глобално ниво сè уште доаѓа од јаглен и е клучна состојка во производството на железо и челик. Тоа е најнечистото и најинтензивното јаглеродно интензивно фосилно гориво, одговорно за 46% од глобалните емисии на CO2. Начинот на кој светот ќе одлучи да се справи со јагленот во следните неколку години ќе има големо влијание врз климатската криза. Научниците велат дека 80% од сите резерви на јаглен треба да останат во земјата за да се избегне опасното глобално покачување на температурата за повеќе од 2 кое ќе биде катастрофално за големи делови на планетата, а со тоа и за голем број на заедници и популации. Денес постои научен консензус дека светот не може да си дозволи да ја премине границата на затоплување од 1,5. Многу истражувачи, движења и засегнати заедници повикуваат на целосен мораториум за изградба на било каква инфраструктура за екстракција, преработка и транспорт на фосилни горива.

Зависноста на Западен Балкан од јаглен

Земјите од Западен Балкан се сè уште многу зависни од јаглен, особено од лигнит. Лигнитот е еден вид кафеав јаглен од кој се добива малку енергија, а кој загадува многу. Во 2016-та година, 16-те електрани на јаглен во земјите од Западен Балкан испуштаа исто толку сулфурен диоксид колку сите останати 250 електрани во Европската Унија заедно.

Северна Македонија не е исклучок. Над 70% од испуштените стакленички гасови на национално ниво доаѓаат од фосилните горива. Во 2018-та година, речиси половина од енергијата во државата дојде од јаглен што укажува на сè уште големата зависност на земјата од фосилните горива. Постојат две термоцентрали кои работат на лигнит: РЕК Осломеј во Кичево и РЕК Битола. Северна Македонија екстрахира дел од својот јаглен од два рудника: Суводол и Брод-Гнеотино. Се проценува дека има доволно резерви на јаглен во овие рудници да траат уште 15 години. Веќе неколку години се разговара и за можноста за отворање на нов рудник за јаглен во Живојно (исто така и надвор од Битола) што би можело да и даде на земјата јаглен за уште некои 10 години. Многумина тврдат дека отворањето на овој рудник всушност би ги зголемило трошоците за јаглен бидејќи истиот тој рудник би вклучувал подземни операции што досега се немаат извршувано во земјата. Исто така, при отварањето на овој рудник би бил потребен транспорт на јаглен при непогоден терен кој дополнително би ги зголемил трошоците. Па така, иднината на јагленот во Северна Македонија изгледа многу неизвесна.

Иднина без јаглен

Светот полека се освестува за опасностите од јагленот и се водат дискусии и политики за да се искорени оваа „валкана” навика. Земјите од Западниот Балкан, заедно со Украина и Молдавија го потпишаа Договорот на Енергетска заедница во кој се вели дека сите нови операции на јаглен во овие земји мора да бидат во согласност со еколошките стандарди на ЕУ. Ова значи дека проектите за јаглен повеќе не смеат да бидат субвенционирани од владите (што беше случај досега) и тоа ќе ја зголеми цената на јагленот. Конзервативна проценка на трошоците за сите планирани постројки за јаглен во регионот е 3,8 милијарди евра. Покрај тоа, многу земји од Западниот Балкан се стремат кон пристапување во ЕУ. Како земји-членки, тие би требало да се приклучат на механизмот за трговија со емисии што во суштина значи дека загадувачите ќе треба да започнат да плаќаат за своите емисии. Ова исто така ќе ја зголеми цената на јагленот, со што проектите ќе бидат економски непогодни и на крај ќе доведат до губење на работни места и затворање на постројките.

Како пример можеме да ја земеме фабриката за лигнит „Состањ“ во Словенија. Првично се проценуваше дека ќе чини 602 милиони евра, дека ќе создаде 3.500 нови работни места и дека ќе генерира профит за земјата. Проектот се покажа како огромна економска катастрофа што ја чинеше Словенија околу 1,4 милијарди евра за изградба и создаде само 450 работни места кои се преполовија со текот на годините. Наспроти оригиналните проекции за профит, Состањ известува годишни загуби од околу 50 милиони евра кои постојано се зголемуваат, и кои како и секогаш, ги покрива даночниот обврзник. Сето ова е обвиткано во сомнежи за корупција и тековни полициски истраги.

Стратегијата за развој на енергетиката на Република Северна Македонија до 2040 година беше нарачана од владата и беше усвоена на почетокот на оваа година. Во Стратегијата означени се 3 можни сценарија за иднината на земјата во енергетиката: „бизнис како и обично” сценарио каде ништо не се менува, „умерена транзиција”, и таканаречена „зелена транзиција” која планира декарбонизација на земјата. Останува на владата да реши подоцна во текот на годината според кое сценарио ќе се движи земјата. И според „умереното” и според „зеленото” сценарио Северна Македонија би требало да го исфрли јагленот од употреба до 2025-та година, со што земјата би била прва земја на Балканот која поставува конкретен план за ова, што веќе привлече многу позитивно внимание од меѓународната јавност. Во Стратегијата се наведува дека „зеленото сценарио” е всушност економски поисплатливо за спроведување од сценариото „бизнис како и вообичаено”, што е исто така многу охрабрувачки. Електричната централа РЕК Осломеј ќе биде прекината во сите три сценарија, додека РЕК Битола ќе ја снајде истата судбина според „умереното” и според „зеленото сценарио”. Владата која ќе се формира на претстојните избори ќе има голема одлука за иднината на земјата и за тешката борба против климатската криза, но едно е јасно: за да имаме шанса за надминување на климатската криза и сите последици кои таа ги носи со себе, потребна ни е иднина без јаглен.

Во текот на следните неколку месеци, Климатски Набљудувач ќе објавува редовни написи поврзани со климатската криза засновани на научни истражувања и разговори со специјалисти од овие области. Наша цел е да обелоденуваме како климатскиот колапс влијае на секој аспект од нашите животи, какви решенија ни се достапни и што треба да се смени за да го решаваме најголемиот проблем на денешнината.

Извори:

https://bankwatch.org/beyond-coal/the-energy-sector-in-macedonia

https://www.erc.org.mk/odluki/2019.04.25%20GI%20za%20rabotata%20na%20RKE%20za%202018%20godina-final.pdf

http://economy.gov.mk/Upload/Documents/Adopted%20Energy%20Development%20Strategy_EN.pdf

https://bankwatch.org/project/coal-in-the-balkans

https://bankwatch.org/wp-content/uploads/2018/06/Jobs-study-june-2018-update-ENG-CEE-Bankwatch.pdf

http://priceofoil.org/2016/09/22/the-skys-limit-report/

https://www.env-health.org/press-release-eu-action-on-western-balkans-chronic-coal-pollution-is-a-unique-opportunity-to-improve-health-and-productivity/

Freese, B. (2016). Coal: A human history. Basic Books.

https://doi.org/10.1002/wcc.607

https://bankwatch.org/press_release/sostanj-lignite-plant-a-mistake-not-to-be-repeated

https://endcoal.org/climate-change/

Симона Гетова и Џеј Ди Фаруџиа

Симона Гетова Симона има осумгодишно искуство во работа на кампањи за заштита на животната средина и климатска правда, организирање на заедници, алтернативно образование и градење на капацитети кај младите. Изминативе 4 години, таа работи и во областа на интегрирани политики за клима и енергија. Нејзината работа и истражувања досега се во областа на алтернативите предводени од локални заедници и на користењето на интерсекционален пристап и design-thinking методологија за создавање на подобар свет за сите. Симона има BSc во Бизнис Администрација со концентрација на Финансии и Менаџмент и МSс во Наука за животната средина, Политики и Менаџмент. Џеј Ди Фаруџиа Во последните 8 години работи како проектен менаџер и менаџер на кампањи во приватниот и во граѓанскиот сектор, како и во областа на уметноста и културата. Некои од овие улоги вклучуваат: управител на граѓанска организација фокусирана на одржлив риболов, креирање и координирање на програми за граѓанско општество и координација на програмата на локален театар. Џеј Ди има МSс во Менаџмент со животната средина и Планирање и завршено додипломски студии во Психологија на Универзитетот во Малта. Тој во моментот е вклучен во различни проекти поврзани со екологијата и животната средина, како и уметнички проекти во Малта, Северна Македонија и на европско ниво.

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close