Моите „Чаирски“ климатски акции

Моите „Чаирски“ климатски акции



Мојата најголема животна климатска акција е затоплување на станот со парно греење од кое сум презадоволна веке 20 години. Мојот стан е на северна страна и не можевме да го затоплиме ни со термо печка ни со нафтена печка. Пресреќни бевме кога се изгради Топланата Север и уште со нејзиниот старт во 2001/2002 година веднаш се приклучивме на топловодниот систем.

Ипокрај тоа што кај моите состанари во изминативе години се појави тренд наисклучување од централното затоплување јас останав доследна на мојот избор. Соовој начин на затоплување подобро се грее станот, плаќам помали сметки, и воисто време најмалку ја загадувам животната средина, а и СО2 отпечатокот намоето семејство врз животната средина е помал. За сите оние што се двоумат ќего споделем податокот дека во топлите зими како што беше оваа, сметките  во некои месеци ми се намалени за речисиполовина од редовната цена. Замената на прозорците и балконските врати, со нови„термопан“ дополнително ја подобрија изолацијата на станот и резултатот сечувствува и во летните месеци во кои немаме потреба за клима уред.

И сосема на крај, многу сум задоволна што мојот избор секојдневно дапешачам околу 30-тина минути до работно место, придонесува не само на моетофизичко и ментално здравје, туку и за подобар семеен буџет, но и за помал СО2отпечаток во  животната средина во мојотград. А да не заборавам😊. Тука спаѓа и рачното миење садови со штозаштедувам вода.

 

Снежана Ѓорѓиева

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close